Најголеми жртви на предрасуди: 5 занимливости за црните мачки

Неправедно обвинувани, црните мачки со векови доживувале прогони и тортури. Но, во многу земји од светот црните мачки се сметаат за амајлии и се подаруваат за да донесат среќа, пари, успех и сигурност.

Црните мачки се најголемите жртви на предрасуди, иако единствцено нешто по што се издвојуваат од останатите е токму само бојата на нивното крзно.

Ова се некои интересни факти за овие слатки мачки:

Црните мачки се сметаат за најдобри пријатели на морнарите

Мачките со задоволство биле добредојдени на бродовите за да ги фаќаат глувците, а морнарите воглавно преферирале црни мачки верувајќи дека носат среќа и дека ќе им обезбедат безбедно враќање дома.

Сите црни мачки се всушност темносини

На соодветно светло нијансите на влакната на црните мачки варираат од црни како јаглен, сиво-црни до кафено-црни. Постојат 22 различни видови на црни мачки, а единствена официјално призната е бомбајската раса чиј пигмент на црни влакна е многу повисок кај мажјаците отколку кај женките, а високото ниво на меланин во пигментот предизвиклува жолти очи.

Египќаните ги обожавале како богови

Древните Египќани и тоа како ги ценеле црните мачки. Една од најпознатите фигури на црна мачка од тоа време е Бастет, позната како Божицата Мачка. За сите црни мачки кои лутале по градовите се сметало дека се реинкарнација на оваа божица.

Имаат свој ден

Малкумина знаат дека 17 август е светскиот ден на црните мачки. Овој ден е воведен за да им се оддаде чест на овие преубави мачки за кои низ вековите многу сме им згрешиле поради предрасуди и суеверија.

Се верува дека одржуваат среќен брак

Во Мидлендс (Обединето Кралство) се верува дека црната мачка е поврзана со среќен брак, па црни мачки често се насликани на поканите за свадби, картичките за младенците, како и други украси поврзани со венчавањето.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе