Нови пациенти по вторпат заразени со COVID-19: Што значи тоа за развојот на болеста?

Виролозите потврдија дека еден пациент во Холандија и уште еден во Белгија се заразени со коронавирусот по вторпат, објави холандскиот национален сервис NOS.

Веста следи откако неделава истражувачи од Хонгконг потврдија дека еден човек во градот е одново заразен со коронавирусот, четири и пол месеци откако бил прогласен за оздравен.

URL

NOS ја цитира Марион Копманс, виролог, која изјави дека холандскиот пациент е постаро лице со ослабен имунолошки систем.

Таа додаде дека имало случаи кај кои болеста почнала да се повлекува, па повторно распламтува и тоа се пациенти кои долго боледуваат од COVID-19.

Реинфекцијата кај овие три случаи била потврдена со генетски тестови на вирусот од првата и втората зараза, при што било утврдено дека двете врсти се разликуваат.

URL

Копманс, која е советник на холандската Влада, исто така рече дека случаите на реинфекции биле очекувани.

„Не ме загрижува тоа што се појави пациент по вторпат инфициран со коронавирусот. Треба да видиме дали тоа се случува често“, нагласи таа.

Пациентот во Белгија е сосема поинаков случај.

Тој има благи симптоми, пренесе вирологот Марк ван Ранст и додаде дека „тоа не се добри вести“.

Според него, овој случај покажува дека антителата кои пациентот ги развил за време на првата инфекција не биле доволни за да спречат второ заразување со друга врста на вирусот.

Ван Ранср рече дека не е јасно дали овие случаи на реинфекција се ретки или „има многу повеќе луѓе кои би можело повторно да се заразат по шест или седум месеци“.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе