ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Пеле им честиташе на Меси, Мбапе и на Мароко

Најдобриот бразилски фудбалер на сите времиња, 82-годишниот Пеле, му ја честиташе на аргентинскиот капитен Лионел Меси освоената титула светски првак, но во објавата на Instagram не ги заборави францускиот напаѓач Килјан Мбапе и репрезентацијата на Мароко.

„Честитки за Аргентина! Диего сега сигурно се смее“, напиша Пеле, алудирајќи на аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона, кој почина пред две години, а во 1986 на Мундијалот во Мексико ја предводеше Аргентина до втората титула светски првак.

На возраст од 35 години Лионел Меси конечно успеа да го повтори успехот на Марадона со Аргентина, постигнувајќи два гола во вчерашното финале против Франција.

„Денес, фудбалот раскажа уште една приказна, како и секогаш, на прекрасен начин. Меси ја освои светската титула, како што му доликува на неговиот развој и подем“, порача Пеле.

Легендарниот Бразилец, притоа, не го заборави ниту Мбапе, кој на Мундијалот во Катар беше прв стрелец со 8 гола, од кои три ги постигна во вчерашното финале, а беше прецизен и во пенал-рулетот.

„Мојот драг пријател, Мбапе, постигна 4 гола во финалето. Каков подарок беше да се гледа оваа спектакуларна иднина на нашиот спорт“, наведе Пеле, кој за крај упати комплименти и за мароканската репрезентација, која заврши четвртопласирана на Мундијалот во Катар.

„Не можам да не му честитам на Мароко на исклучителниот настап. Прекрасно беше да се гледа како Африка блеска“, напиша Пеле. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pelé (@pele)

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more
 

Спорт

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе