Пиењето вино има несакани ефекти за кои веројатно не сте знаеле

Ако сакате да го завршите денот со чаша вино, дефинитивно не сте единствените. Сепак, експертите предупредуваат како тоа влијае на вашето тело без воопшто да знаете.

Можни проблеми со срцето

Иако е познато дека црвеното вино може да биде добро за срцето, редовното консумирање може да има спротивен, доста негативен ефект врз срцето и да предизвика неправилен срцев ритам.

Нутриционистката Хедер Хенкс вели дека истражувањето од 2021 година сугерира дека само еден алкохолен пијалок дневно може да предизвика неправилно чукање на срцето.

„Ова е спротивно на советот да се пие една чаша црвено вино за срцето секој ден, бидејќи неправилниот срцев ритам може да го зголеми ризикот од посериозни здравствени проблеми, како што е мозочниот удар“, вели таа.

Ризик од цироза

Долготрајното консумирање на секаков вид алкохол, вклучително и вино, може да доведе до голем број проблеми, вклучително и цироза. Според една студија од 2015 година, зголемувањето на потрошувачката на алкохол над умерената граница, што е пијалок дневно за жени и два пијалоци дневно за мажи, може да го зголеми ризикот од цироза.

Зголемен ризик од рак на дојка

Ако имате семејна историја на рак на дојка, би било добра идеја да го прескокнете алкохолот.

„Дури и умереното консумирање алкохол може да го зголеми ризикот од рак на дојка“, вели д-р Кери Лам.

Според една студија од 2006 година, само една до две чаши алкохол на ден може да го зголеми ризикот од рак на дојка за помеѓу 30 и 50%.

Зголемен ризик од рак на хранопроводникот

„Ракот на јазикот и хранопроводникот имаат посилна поврзаност со виното“, вели медицинската сестра Брача Банајан. Студија од 2017 година покажа дека само една чаша дневно го зголемува ризикот од рак на хранопроводникот.

Полош сон

Можеби ќе заспиете по чаша вино, но тоа не значи дека ќе спиете подобро. Напротив, виното го влошува квалитетот на сонот бидејќи влијае на суштинската фаза од сонот која е поврзана со физичкото и емоционалното здравје, вели експертот Стивен Лајт.

Можна појава на розацеа

„Истражувањата покажаа дека бројот на капилари на образите се зголемува кај луѓето кои пијат вино“, вели дерматологот Ана Чакон. Тој додава дека тоа ја поддржува теоријата дека пиењето вино е поврзано со појавата на розацеа.

Посилни симптоми на ПМС

Еден од помалку познатите несакани ефекти од пиењето вино е влошувањето на симптомите на ПМС.

„Ова може да се должи на хормоналните промени кои се директно поврзани со воспалителните процеси во цревата, кои се предизвикани од алкохолот“, вели д-р Ајлин Рухој.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе