Прави чуда во домаќинството: 16 неверојатни начини за користење хидроген

Колку често не сфаќаме дека со помош на импровизирани средства можеме чуда да направиме... Земете шишенце 3% хидроген (водород пероксид) и погледнете го - во вашите раце држите богатство.

Ова се 16 начини на кои можете да имате полза од хидроген:

– Ги отстранува дамките од белата облека. Ставете малку хидроген на дамката, истријте ја и гледајте како исчезнува.

– Додадете малку хидроген во средството за чистење на подот. Избришете и уживајте во сјајот и убавината на вашиот дом.

– Измешајте 25 гр 3% хидроген и 1 л вода. Прснете ги растенијата со овој раствор и спасете ги од габи и штетници. На овој начин ќе им го зајакнете имунитетот.

– Растворете малку хидроген во литар вода и со него измијте ја косата пред да ѝ ставите шампон. Ќе видите како вашата коса ќе биде посјајна од било кога.

– Додадете неколку капки во ладна вода и во неа натопете го овошјето. Потоа исплакнете го. Ова е одличен начин да се ослободите од пестицидите што се испрскани врз овошјето.

– Во сунѓерчето додадете неколку капки хидроген и тријте ја работната маса во кујната. Ќе блесне како нова.

– Исплакнете ја устата со 3% водород и ќе ги избелите забите.

– Со хидроген може да се исчисти и фрижидерот. Користете раствор од хидроген и вода, со него пребришете го фрижидерот и ослободете се од непријатните мириси.

– Премачкајте ги плочките од купатилото на кои се појавила мувла. Оставете да отстои две минути, па исчистете и мувлата ќе исчезне.

– Ако имате мрсна кожа, можете да ја пребришете со хидроген. Тоа ќе ја спречи појавата на акни.

– Измешајте мала количина хидроген и маслиново масло. Ова е одлична мешавина за чистење на ушен восок.

– Измијте ги нозете во раствор од хидроген и ќе исчезнат габите од стапалата и прстите.

– Хидрогенот ќе ги избели белите пожолтени алишта и пешкирите и ќе ја врати нивната мекост. Во машината за перење, во циклусот на плакнење, наместо избелувач за ткаенина истурете половина чаша хидроген. Ќе го добиете истиот ефект за помалку пари.

– Премачкајте го аквариумот со хидроген. Ќе спречи појава на слуз и габи, а нема да им наштети на желките и рибите.

– Земете хартиена крпа, испрскајте ја со хидроген 3% и исчистете го огледалото. Ќе ги отстрани сите дамки, дури и оние најупорните, а огледалото ќе сјае како да е ново.

– Со водород пероксид можете да ги дизинфицирате детските играчки. Нема потреба да купувате скапи марамчиња за дезинфекција. Ист ефект ќе постигнете и доколку детските играчки ги испрскате со хидроген. Тој не е отровен, а ќе ги отстрани бактериите и вирусите кои можат да предизвикаат инфекции и болести.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе