Радев: Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, очекуваме промена на реториката и крај на јазикот на омраза

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше за секоја земја членка. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим.

„Мојата порака до претседателката на Република Северна Македонија е дека Бугарија очекува промена на реториката и конечно крај на јазикот на омразата“, додаде шефот на државата, пренесуваат бугарските медиуми.

Претседателот објасни дека бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Северна Македонија, која престојува во Рим.

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ја предводи државно-црковната делегација на земјата во Италија и Ватикан по повод 24 мај, а настанот е под мотото „Македонија во чест на Св. Кирил“. Од кабинетот на Силјановска информираат дека таа ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, а на 23 мај ќе се сретне и со државниот секретар на Светата столица, монсињор Пјетро Паролини, пишуваат бугарските медиуми.

„Позитивен знак е што претседателката на Република Северна Македонија покажа стремеж за ваква средба“, одговори Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска-Давкова во Рим.

Тој објаснил дека програмата е исполнета до минута.

„Очекувам дека таква средба ќе има наскоро“, додаде тој. „Вчера имавме многу продлабочен и пријателски разговор со претседателите на Италија, Португалија и Грција“, рече Радев. Претседателот на Република Северна Македонија со години го поканувам во Бугарија. Ја поканувам, секако“, одговори Радев на прашањето дали сега ја кани Силјановска-Давкова.

„Сметам дека желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на Северна Македонија кон ЕУ. Се надевам, и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на Северна Македонија, ако не се лажам, да дојде во Бугарија“, коментира шефот на државата.

реклама

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Read more

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Read more

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Регион

Мајка на ученик претепа професорка по биологија во Белград

Read more

Нападнат кабинетот на Еди Рама, уапсен странски државјанин

Read more

Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската Влада

Read more

Список на казни во Грција: Возење под дејство на алкохол – 1.200 евра, поминување на црвено – 700 евра

Read more
 

Вести

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Читај повеќе

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Читај повеќе

Европскиот парламент остана без пратеници Роми

Читај повеќе
  • play_arrow

Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД

Читај повеќе

Сончево и топло со температури до 35 степени

Читај повеќе

Без вода дел од Општина Карпош

Читај повеќе

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Читај повеќе
  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе