Секоја боја има симболика: Какво јајце ви треба во вашата велигденска корпа?

Додека многумина вапцаат си црвена или со помош на кромид, некои сепак сакаат велигденска корпа полна со шарени јајца, различни дизајни и дезени.

Семејствата со деца обично вапцаат јајца во различни бои за да ги израдуваат најмалите, но и креативните души сакаат секој Велигден да направат уникатна празнична декорација.

Без разлика дали бојадисувате јајца во различни бои или се држите до традицијата, треба да знаете дека постои верување дека секоја боја на јајца има посебно значење.

Добро размислете која боја ќе доминира на вашата велигденска трпеза оваа година.

 Црвена 

Вапцањето јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи, а црвената боја има важна симболика. Според легендата, кога Марија Магдалена дошла во Рим да го каже евангелието, го посетила императорот Тибериј и му донела кошница со јајца како подарок. Царот рекол дека не верува во Христовото воскресение, како што не верувал дека овие јајца би можеле да поцрвенат. Според легендата, во тој момент се случило чудо и сите јајца станале црвени.

Според една стара легенда, жителите на Ерусалим им се смееле на христијаните кога раскажувале за Христовото воскресение. Тие не веруваа во тоа, па викале дека е невозможно човек да воскресне, како што е невозможно кокошките да родат црвено јајце. Следната година, пред Велигден, сите кокошки во Ерусалим родиле црвени јајца.

Црвената боја е симбол на повторното раѓање, поредокот на природата, нејзиниот систем и човекот во неа. Исто така, црвената боја е сеќавање на крвта што Исус Христос ја пролеал на Голгота за да ги спаси луѓето од гревот. Првото обоено црвено јајце се нарекува чувар на домот, односно заштитник на домот и семејството.

Црвените јајца можете да ги декорирате со лисја и цветови. На тој начин ќе го испочитувате обичајот, а воедно ќе имате прекрасна и природна декорација за празниците.

 Бела 

Белата е боја на невиноста, храброста и победата Божја, односно светлината над темнината.

 Виолетова 

Ова е кралска елегантна боја која укажува на престиж и луксуз. Но, постои и верување дека виолетовата боја го симболизира и сеќавањето на тортурата низ која поминал Исус Христос за да ги спаси луѓето.

 Розова 

Нежната и светла розова боја е симбол на радоста и љубовта. Розовите велигденски јајца ќе изгледаат убаво ако ги украсите со цвеќиња.

 Зелена 

Зелената е бојата на развојот, надежта и животот. Ако ја сакате зелената боја и нејзината симболика, не мора да ги бојадисувате јајцата зелени. Јајцата можете да ги украсите со зелени листови, цветови или мов. Сè повеќе луѓе го сакаат духот на природата на празничната трпеза, а не се сомневаме дека семејството и гостите би биле позитивно изненадени.

 Жолта  или  златна 

Како најубави сончеви зраци, оваа боја претставува радост. Велигден е еден од најрадосните христијански празници, па нема да погрешите ако вапцате јајца во овие топли бои.

реклама

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

Живот

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Колективно лудило: Туристи чекаат со часови за истата фотка од Санторини

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Зошто е важно во колку вода ги варите тестенините?

Read more

Магазин

Како да ги препознаете навреме симптомите на недостаток на калциум? 

Читај повеќе

Онколог предупредува на првата голтка утринско кафе: Само го зголемувате ризикот од рак

Читај повеќе

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Читај повеќе
  • play_arrow

Колективно лудило: Туристи чекаат со часови за истата фотка од Санторини

Читај повеќе

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинези направија стаклен лифт над кањон за да го скратат патот до училиште за локалните деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Читај повеќе

Зошто е важно во колку вода ги варите тестенините?

Читај повеќе

Вкусно лиснато со банана и чоколадо: Едноставен десерт готов за 20 минути

Читај повеќе