Што е геслајтинг и дали го трпите?

Колку често ја преиспитувате вашата перецепција за реалноста, вклучително и здравиот разум, внатре во врската во која што сте?

 Луда си, тоа никогаш не се случило.

 Дали си сигурна? Помнењето ти е сѐ полошо.

 Сето тоа е во твојата глава.

Дали партнерот повеќе пати ви кажал нешто слично? Колку често ја преиспитувате вашата перцепција за реалноста, вклучително и здравиот разум, внатре во врската во која што сте? Ако е така, вашиот партнер спроведува нешто што експертите за ментално здравје го нарекуваат геслајтинг.

Кога жена со инвалидитет е изложена на геслајтинг, често е во прашање маневар за минимализација на насилство или окривување на жртвата, односно, манипулација со уверување дека инвалидитетот е причината за насилството.

Жртвата на геслајтинг верува дека ја заслужува ситуацијата во која што се наоѓа или дека си го замислува насилството.

Терминот доаѓа од претставата „Gas Light“ (1938), во која мажот се обидува да ја излуди својата жена со затемнување на светлата во нивниот дом, а потоа негира дека осветлувањето се променило, секогаш кога сопругата ќе го спомне тоа. Тоа е исклучително ефикасна форма на емоционална злоупотреба што предизвикува жртвата да ги преиспитува сопствените чувства, инстинкти и здрав разум, што му дава на насилниот партнерот многу моќ (а знаеме дека злоупотребата се заснова на контрола и моќ). Штом ќе се прекине довербата во сопствената перцепција на реалноста, поголема е веројатноста жртвата да остане во насилната врска.

Некои од варијантите на геслајтинг техники:

Задржување

Насилниот партнер се преправа дека не разбира или одбива да слуша: – Нема да го слушам тоа пак. Само сакаш да ме збуниш.

Спротивставување

Насилниот поартнер го преиспитува помнењето на жртвата за одредени случки, иако таа добро се сеќава на нив: – Не е точно, никогаш не помниш добро!

Блокирање/Пренасочување

Насилниот партнер менува тема и/или го преиспитува размислувањето на жртвата: – Дали е тоа уште една луда идеја што ти ја всадиле (пријателите, мајката, некој од фамилијата)? Или: – Измислуваш работи.

Тривијализација

Насилниот партнер ги обезвреднува потребите и чувствата на жртвата: – Повторно се лутиш поради ситници. Пречувствителна си.

Заборавање/Негирање

Насилниот партнер се преправа дека заборавил што всушност се случило и ги негира ветувањата што ги дал: – Немам појма за што зборуваш. Или: – Само измислуваш работи.

Геслајтингот обично во врската се случува постепено, така што реакциите на насилниот партнер може на почетокот да изгледаат безопасни. Со текот на времето, насилните обрасци продолжуваат, предизвикувајќи жртвата да стане збунета, вознемирена, изолирана и склона кон депресија, сè додека не го изгуби секое чувство за реалност. Како што жртвата сè повеќе се потпира на насилниот партнер за да ја дефинира реалноста, ситуацијата за излез од насилството станува сè потешка.

За да се заштитите од ваков облик на насилство, важно е да го препознаете и одново да стекнете доверба во самите себе.

Знаци дека трпите геслајтинг:

– Постојано се преиспитувате.

– Неколку пати на ден се прашувате: – Дали сум пречувствителна?

– Често сте збунети, до тој степен што мислите дека полудувате.

– Постојано му се извинувате на партнерот.

– Не разбирате зошто покрај толку добри работи што ги имате во животот, не сте среќна.

– Често пред пријателите и семејството имате изговори за однесувањето на партнерот.

– Се фаќате себеси како сте резервирана пред пријателите, за да не морате премногу да објаснувате или да барате изговори.

– Знаете дека нешто не е во ред, но не можете да објасните што точно (и на другите и себе си).

– Почнувате да лажете, за да избегнете спуштање и свртување кон реалноста.

– Тешко ви е да носите едноставни одлуки.

– Имате чувство дека сте биле сосема друга личност - посамоуверена и поопуштена.

– Се чувствувате безнадежно и без радост.

– Како ништо да не можете да направите како што треба.

– Се запрашувате дали сте доволно добри за партнерство.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе