10 трикови за користење на сода бикарбона

Сода бикарбона се користи во храната, но и во чистењето, а оваа ефтина, лесно достапна и разновидна намирница може да ја надополни вашата рутина за чистење и да ви помогне да го одржувате домот на начини за кои можеби не сте биле свесни.

Ја освежува корпата за отпадоци

Еднаш неделно кантата за отпадоци посипете ја со сода, ќе мириса свежо, додека содата ќе го спречи понатамошниот развој на непријатни мириси.

Освежете го душекот

Посипете сода бикарбона на душекот и оставете да делува еден час. Содата ќе го освежи од можните нечистотии, а потоа со правосмукалка можете само да ја исчистите од душекот.

За блескави подови

Додадете половина чаша сода бикарбона во кофа со вода и ќе имате одлично средство за чистење на подот. По чистењето со сода, поминете го подот со вода само колку да го исплакнете.

Исчистете ја микробрановата

Додадете сода бикарбона во сунѓерчето за чистење и исчистете ја микробрановата печка. Содата ќе ги исчисти дамките и ќе го освежи мирисот.

Освежете ги сунѓерите и крпите

Ако сте забележале дека крпите или сунѓерите ви мирисаат, а мислите дека сѐ уште не е време да ги менувате, тоа лесно можете да го решите со сода. Додадете неколку лажички сода во сад, наквасете ги крпите и сунѓерите и оставете ги преку ноќ. До утрото непријатните мириси ќе исчезнат.

Вратете го сјајот на металните површини

Металните делови од батеријата и тушот можете да ги истриете со паста од сода и вода и тие ќе го вратат стариот сјај.

Исчистете ги одводите

Истурете половина шолја сода бикарбона во одводот, а веднаш потоа половина чаша оцет. Оставете да се пени и потоа исплакнете со топла вода.

Отстранете ги дамките од тепихот

Сода бикарбона може да биде корисна и за отстранување на дамки од теписите, како на пример дамки од црвено вино. Сè што треба да направите е да измешате една чаша сода бикарбона, една чаша сол и една чаша оцет - во паста. Потоа нанесете ја смесата на дамката и оставете ја да се исуши пред да го исчистите местото со правосмукалка.

Помага при перење алишта

Додавањето половина шолја сода бикарбона на куп алишта ќе помогне во зајакнувањето на боите и борбата против дамките.

Мијалник како нов

Исчистете го мијалникот со мали кружни движења со додавање паста од сода бикарбона и вода во крпа од микрофибер. Избришете го со сува крпа, а потоа измијте со топла вода.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе