14 причини да ги обожавате сончевите мечки

Дали сте знаеле дека сончевите мечки се најмалите мечки на планетата? Но, имаат најдолг јазик од сите видови мечки!

Малајската или сончева мечка (Helarctos malayanus) живее во тропските прашуми во југоисточна Азија од јужна Кина до Индонезија, во североисточните краишта на Индија и во Бангладеш.

Физички карактеристики

Малајската мечка е најмалиот член на фамилијата мечки со големина од само 1,2 метри и тежина од 65 килограми. Мажјаците се 10-45% поголеми од женките. Овие мечки имаат широки шепи и заоблени канџи кои веројатно им помагаат при качувањето на дрва. Стапалата им се малку свртени навнатре поради што имаат од сличен на одот на гулабите. Малајската мечка има специфично долг јазик од 20-25 сантиметри кој го користи за да јаде мед директно од пчелината кошница.

За разлика од другите мечки, крзното им е доста кратко. Оваа адаптација е поради климата во регионите каде што живеат. Крзното им е со кафеава или црна боја, освен на градите каде имаат портокалово-жолт белег во облик на потковица. Крзно со слична боја може да се сретне и на муцката или околу очите.

Исхрана

Малајските мечки се хранат со мали рбетници како гуштери, птици и цицачи, но и овошје, јајца, термити, листови од палма, птичји гнезда, инсекти, корења, кокосов орев ... Можат да кршат ореви со силната вилица. Овие мечки храната ја детектираат употребувајќи го сетилото за мирис, бидејќи видот им е доста слаб.

Однесување

Малајската мечка не хибернира, и како резултат на тоа може да се размножува преку целата година. Најчесто раѓа по две младенчиња кои тежат 280-340г. Бременоста трае околу 96 дена, а доењето трае до осумнаесеттиот месец. Младите достигнуваат сексуална зрелост после 3-4 години. Во заробеништво живеат и до 28 години.

Бидејќи е ноќно животно, оваа мечка целиот ден го поминува одмарајќи се на ниските гранки од дрвјата. Поради тоа што ужива да седи на дрвјата понекогаш се случува да уништи дел од приватен имот, како што се плантажи со палми и какао.

Опасности

Возрасна малајска мечка нема други предатори освен човекот. Понекогаш се случува да биде совладана од тигри и огромни питони. Други можни предатори се леопардот и азиската црна мечка.

Намалувањето на бројот на оваа популација е последница на ловењето на така наречените „мечки кои пречат“ односно мечки кои ги уништуваат посевите, и на ловокрадството кое е во подем поради побарувачката за нивното крзно и на нивната жолчка која се користи во Кинеската медицина.

Понекогаш овие мечки се фаќани за да бидат чувани како домашни миленици. Ова се случува поради нивното релативно неагресивно однесување и малата големина во споредба со останатите мечки.

Интернационалниот сојуз за заштита на природата (IUCN) го прогласи овој вид за ранлив во 2007 година.

BBC Earth подготви прилог во кој ќе дознаете уште интересни факти поради кои ќе ги обожавате овие мечиња:

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе