7 интересни факти за поларните мечки

Дали знаете дека нивното крзно всушност не е бело? Тоа навистина има друга боја. Овие северни ѕверки се интересни животни за кои не секој знае доволно.

Поларната мечка е најголемиот предатор на Арктикот и воедно најголема мечка во светот. Неговото име на латински, Ursus maritimus, всушност значи „морска мечка“ што го отсликува неговиот начин на живот. Поларните мечки го поминуваат поголемиот дел од својот живот во, покрај и на океанот, односно на мразот кој се формира на површината, каде одмораат, ловат и се парат.

Овие симпатични суштества се загрозени поради исчезнувањето на нивното живеалиште - топењето на мразот, што е последица на глобалното затоплување. Еве седум интересни факти за овие владетели на северот од нашата планета.

1. Токму поради нивниот начин на живот на мразот на Арктичкиот Океан, поларните мечки се единствените видови мечки што се класифицираат како морски цицачи во официјалната класификација.

2. Поларните мечки не се бели. Спротивно на популарното верување, нивните влакна се проѕирни, но ја рефлектираат светлината, што ги прави да изгледаат бели. Под дебелото крзно се наоѓа црна кожа која апсорбира топлина.

3. Поларните мечки се тркалаат во снегот за да останат чисти, но и топли. Чистото крзно е одличен изолатор и тие успеваат максимално да ја зачуваат топлината со редовно тркалање и чистење.

4. Нивното чувство за мирис е толку добро што можат да намирисаат плен на растојание од еден километар. Тие обично ловат фоки, кои можат да ги намирисаат во водата под снегот дебел дури и еден метар.

5. Машките поларни мечки можат да тежат до 800 килограми и се дупло поголеми од женките. Нивната должина достигнува дури три метри. Тие се најголемите копнени месојади во светот. Поради нивната големина, поларните мечки немаат други природни непријатели освен луѓето.

6. Поларните мечки обично се самотници. Сепак, тие имаат способност да запомнат и препознаваат други мечки што некогаш ги сретнале, дури и неколку години подоцна.

7. Иако минуваат скоро половина од животот во лов и потрага по храна, помалку од 2% од нивните обиди да фатат плен завршуваат успешно. Тие обично ловат прстенести и брадести фоки, но исто така се хранат со мали цицачи, птици, јајца или растенија.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе