Ако се расправате пред децата, ова се можните последици

Без разлика која возраст е детето, кога неговите родители се караат пред него, тоа го растажува. Не само што детето доживува негативни емоции, туку последиците може да се забележат и во однесувањето и начинот на кој го доживува светот.

Се разбира дека ниту еден брак не е без проблеми. колку многу двајца и да се сакаат, секогаш ќе има теми околу кои нема да се сложат. Затоа ниту еден пар не може да избега од неволјите кои доаѓаат под рака со тој факт.

Многу е важно родителите да го разберат нивото на стрес со кои расправиите можат да влијаат на децата.

1. Чувство на вина

Децата се склони на чувство на вина кога станува збор околу причината за која родителите се расправаат. Склони се да помислат дека мама и тато не се сложуваат поради нешто што тие го направиле. Ова се случува потсвесно. Некои деца мислат дека за нивните родители би било подобро ако не се во нивна близина и во тој случај не би имале причина за кавга.

Децата се плашат дека еден од родителите може да изгуби контрола и на крајот да го повреди другиот.

2. Кога родителите се караат, тоа влијае на однесувањето на децата

Кога се караат пред децата, тоа може да влијае на нивниот карактер, на нивната личност. Може да развијат несигурност, па дури и агресивност, да мислат дека со викање и навреди кон другите ќе ја постигнат целта. Тоа нема да се случува само со пријателите туку и со родителите и браќата, сестрите.

Важно е да се знае дека родителите не мора гласно да се караат за да влијаат на децата, дури и тивките замерки, кога родителите  ќе престанат да зборуваат еден со друг, предизвикаат тага и потиштеност кај децата.

Зависно од возраста, може да реагираат различно.

Од 0 до 18 месеци возраст

Во овој период децата не можат да ги вербализираат своите чувства, но можат да покажат ако нешто не им се допаѓа. Стануваат раздразливи, нервозни ако присуствуваат меѓу караници на родителите, тешко спијат и го доживуваат светот како нестабилно место.

Всушност, бебињата помлади од 6 месеци може да почувствуваат кога мајката е напната, како и физиолошките промени низ кои минува како забрзано чукање на срцето или зголемување на крвниот притисок.

Од 18 месеци до 2 години

Во текот на оваа фаза децата ќе се обидат да го привлечат вниманието на родителите, на пример ќе почнат да плачат или дури и да викаат за да им го насочат вниманието за да запрат со караницата.

3 години и повеќе

На оваа возраст децата себеси се доживуваат како заштитници на својот дом. Не сакаат да одат во градинка или училиште бидејќи се плашат дека може да се случи нешто лошо додека ги нема.

Мислат дека ако останат дома родителите нема да се караат.

Како да им пристапите на децата по караница?

Првично, родителите треба да се потрудат да не се карат пред децата. Уверете ги дека тие не се виновни што вие се карате. Помогнете им да сфатат дека не треба да се грижат. Потсетете ги дека вие двајца се саката, а најмногу ги сакате нив, пишува You Are Mom.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе