Авиокомпанијата Emirates ќе плати за лекување, карантин и погреб ако се заразите со COVID-19 на нејзин лет

Авиокомпанијата Emirates на патниците кои на нејзин лет ќе се заразат со COVID-19 им нуди бесплатно осигурување, кое вклучува покривање на трошоците за лекување, карантин и во најлош случај, погреб.

Од компанијата наведуваат дека понудата, која важи за период од 31 ден, сметајќи од почетокот на патувањето, ќе биде достапна веднаш и ќе трае до крајот на октомври.

Осигурувањето е бесплатно за сите патници, без разлика на патничката класа или дестинацијата, и се применува автоматски, без дополнителна потреба за регистрација.

Превозникот со седиште во Дубаи соопшти дека за осигурување на медицинските трошоци ќе обезбеди до 150.000 евра. Ќе ги плаќа и трошоците за карантин во хотелите во период од две недели, по 100 евра дневно. Во случај на смрт на патник од коронавирис, компанијата ќе обезбеди по 1.500 евра за погребални трошоци.

– Знаеме дека луѓето копнеат по авионските патувања, бидејќи границите во светот постепено се отвораат, но флексибилноста и гаранциите се потребни за непредвидени ситуации и настани за време на патувањето, изјави претседателот на групацијата Emirates, Ахмед бин Саид Ал Мактум.

Акцијата на Emirates доаѓа во период кога авиокомпаниите низ светот се тешко погодени од епидемиолошките мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе