Близначки израснале во две различни земји, научниците забележаа огромни разлики

Научниците ја искористија ретката прилика да ги проучат сличностите и разликите кај идентичните близначки кои биле разделени во раното детство и биле израснати во различни земји.

Иако претходните истражувања покажаа дека коефициентот на интелигенција е главно наследен (до 80 проценти) и дека идентичните близнаци обично имаат сличен коефициент на интелигенција, во овој случај работите биле значително различни, со разлика од 16 поени.

Се разбира, близначките имале и многу заеднички карактеристики, но оваа забележлива разлика во когнитивните способности сугерира дека треба дополнително да размислиме колку нашата интелигенција зависи од гените и колку од средината во која сме израснати, пишува Science Alert.

Едната се изгубила на пазар

„Забележавме јасни сличности во личноста, самодовербата, менталното здравје и задоволството од работата. Но, за разлика од претходните истражувања, забележавме значителни разлики во резултатите од општата интелигенција и невербалното расудување", напишале истражувачите.

Предметните близначки се родени во Јужна Кореја во 1974 година, а се разделиле на две години откако една од нив се изгубила на пазар. Нејзините родители се обиделе да ја најдат, но безуспешно.

Изгубената близначка завршила во болница на 160 километри од нејзиниот дом и набрзо била посвоена од пар од САД. Близначката, која пораснала во САД, како возрасна дала примерок од нејзината ДНК за полесно да ја пронајде својата одамна изгубена сестра. Тие повторно се сретнаа во 2020 година.

Близначката од Јужна Кореја има поголем коефициент на интелигенција

И покрај многуте сличности, близнаќката израсната во Јужна Кореја има значително повисоко ниво на перцептивни заклучоци и брзина на обработка на податоците. Иако сестрата која пораснала во САД имала три потреси на мозокот во зрелоста, невозможно е со сигурност да се знае колку тоа влијаело на резултатите од когнитивните тестови.

Научниците наведуваат дека треба да се земе предвид дека сестрите пораснале во сосема различни семејства. Не само што биле израснати во различни земји, туку и близначката од САД пораснала во дом каде што имало повеќе конфликти и помалку слобода.

„Близначките израснале во многу различни средини, не само во различни земји и култури“, пишуваат научниците.

Сличности во карактеристиките

Сепак, студијата покажува дека идентичните близнаци имаат некои исти карактеристики, дури и ако растат во различни семејства. И двете идентични близначки, на пример, имале високи оценки во однос на совесноста и самодовербата.

Студијата исто така покажа дека зголемената достапност на ДНК тестовите во наредните години ќе доведе до поголем број на асоцијации на одамна изгубени „близнаци“, што ќе им овозможи на научниците подетално да ги анализираат нивните сличности и разлики.

„Важно е да се најдат што повеќе вакви случаи. Сè уште не ги разбираме целосно механизмите со кои гените влијаат на нашето однесување“, вели еволутивниот психолог Ненси Сегал од Државниот универзитет во Калифорнија.

Студијата Personality traits, mental abilities and other individual differences: Monozygotic female twins raised apart in South Korea and the United States беше објавена во списанието Personality and Individual Differences.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе