Близначките кои се омажија за близнаци се бремени во исто време

Сигурно се сеќавате на идентичните близначки Британи и Бријана (34), кои се омажија за идентичните близнаци Џош и Џереми Салиерс (36). Сега соопштија дека се бремени во исто време!

Идентичните близнаци Џош и Џереми Салиерс ги запросија нивните девојки, идентичните близначки Британи и Бријана Диен на 2 февруари (02.02) и двојките се венчаа заедно на Фестивалот на близнаците во Твинсбург, Охајо пред две години.

Темата на свадбата беше бајковидна – „Два пати многу одамна...“ (Twice Upon a Time...), а венчавката ја одржаа свештеници кои исто така се идентични близнаци. Двојките уште тогаш кажаа дека планираат да живеат заедно во иста куќа, да имаат синхронизирани бремености и заеднички да ги воспитуваат децата.

Веста за бременоста ја соопштија преку Instagram и нагласија дека нивните деца не само што ќе бидат братучеди, во правна смисла, туку и генетски ќе бидат браќа/сестри бидејќи идентичните близнаци делат иста ДНК.

Близначките Британи и Бријана долго време живеат во оваа „близначка субкултура“ – се облекуваат идентично, излегуваа на состаноци во двојки, живееја заедно и заедно ги најдоа Џош и Џереми.

Заљубените двојки тврдат дека почувствувале „инстант поврзаност“ и по некое време забавување, Бријана се омажила за Џереми, а Британи за Џош.

„Сакаме да имаме близнаци и да се родат на истиот датум. Знам дека тоа се четири бебиња одеднаш“, рекоа лани Бријана и Џереми.

„Заедно ќе се грижиме за нашите семејства и сите се согласуваме околу тоа.“

Двете сестри работат во истата правна фирма и велат дека не би можеле да поднесат да бидат бремени во различно време бидејќи прават сѐ заедно. Двете „за прв пат се почувствувале осамени“ кога отишле да студираат на различни факултети.

Нивните родители ги поддржуваат во нивните одлуки, но мајката на близначките е малку загрижена во врска со синхронизираните бремености и одгледувањето на децата.

„Каков ќе биде нивниот живот? Дали тие деца ќе имаат двајца или четворица родители?“, вели Дебра Диен.

„Како ќе ги воспитуваат? Како ќе ги дисциплинираат. Како ќе распознаваат кои им се мајка и татко, а кои тетка и тетин, односно чичко и стрина?“, додава таа.

Џереми и Џош тогаш рекоа дека тоа е нивна одлука и дека го сакаат тоа.

„Ако за другите е необично, за нас не е. Ова се наши животи и она што ние го сакаме.“

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе