Децата кои си играат со татковците учат побрзо и паметат подобро

Татковците кои од најрана возраст им читаат на децата придонесуваат за нивниот побрз когнитивен развој. Играњето и интеракцијата меѓу детето и таткото може да придонесат за подобра интеракција и подобра комуникација со надворешниот свет.

Докажано е дека татковците во првите четири месеци од родителството доживуваат раст на делови од мозокот кои се вклучени во родителската мотивација. Промената се случува и за татковците и за бебињата, кои благодарение на присуството на таткото учат да управуваат со своите емоции.

Првите неколку месеци се многу важни. Од првите недели бебето почнува да учи како треба да размислува, а тогаш се развива и фантазијата. Процесот на учење се нарекува когнитивен развој и се случува пред вашите очи.

Таткото придонесува на овој процес, а најдобар начин да му помогне на детето е да биде вклучен од почетокот.

Студија спроведена од тим на Империјал Универзитетот во Лондон покажа интересни резултати. Истражувачите снимиле татковци како си играат со тримесечните бебиња три минути легнати на под, без играчки. Потоа истото го снимиле во текот на сесија на читање книги откако детето наполнило две години. Забележале дека бебињата кои повеќе си играле со татковците на возраст од 3 месеци постигнале подобри резултати на тестовите до две години, како препознавање на формите и боите, во споредба со бебињата кои немале присуство на татко во растењето.

Во студијата исто така е објавено дека читачките активности се корисни за внимание и решавање јазични проблеми. Затоа татковците кои одвоиле време да им читаат на децата од мали нозе, на мирен и трпелив начин придонеле на нивниот когнитивен развој. Интеракцијата исто така влијае и на социјалното однесување на детето, пишува Bored Panda.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе