Две најчести грешки што ги правиме кога го чистиме фрижидерот

Чистењето на фрижидерот е доста тежок потфат кој често го одложуваме до последен момент. Никогаш не знаете каква храна со поминат рок може да најдете во фрижидерските длабочини, а сигурно не ве радува чистењето на лепливи дамки од теглите џем и сосовите.

За да го олесните чистењето на вашиот фрижидер, еве неколку совети како да ја направите оваа долга и неблагодарна работа полесна и поефикасна.

Двете најчести грешки што ги правиме кога го чистиме фрижидерот се користење на погрешни средства за чистење и крпи или погрешни сунѓери за чистење. Прво, дознајте кој производ навистина може да ви помогне да ги исчистите тврдоглавите дамки од фрижидерот и одберете го оној кој е наменет за ваков вид на чистење. Чистењето треба да го започнете со со меко сунѓерче, а потоа добро е при рака да имате крпа од микрофибер за завршно бришете на полиците.

Крпите од микрофибер се одлични бидејќи не оставаат влакна и без проблем може да се перат во машина за перење. За чистење на фрижидерот можете да користите и испробани и проверени домашни рецепти за чистење како оцет или комбинација од сода бикарбона и вода.

Како добро да се подготвите за чистење на фрижидерот?

Исклучете го фрижидерот. Подгответе чиста површина за чување храна од фрижидерот, а за тоа можете да користите маса или кујнска работна плоча. Исчистете го фрижидерот пред да го исчистите остатокот од кујната, бидејќи може да се случи храната од фрижидерот да остави мрсна или леплива трага на елементите.

Пред да започнете со чистење, подгответе чепкалки за заби или стара четка за заби за да ги исчистите сите тешко достапни места во фрижидерот.

Не заборавајте ги фиоките и вратите. Голема е веројатноста дека во фиоките ќе најдете грозје што сте го пропуштиле или сте заборавиле на лукот што сте го купиле пред три месеци. Отстранете ги полиците и измијте ги во мијалник или во када доколку немате доволно простор во кујната. Додека фиоките и полиците се влажни и се сушат, почнете да го чистите самиот фрижидер.

На крајот, избришете ги сите делови од фрижидерот со сува, чиста крпа за да спречите мувла. Кога ќе биде целосно чист и сув, можете да ставите соодветен мирис во фрижидерот кој ќе собира непријатни мириси, а вашиот фрижидер ќе остане свеж и миризлив подолго време.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе