Евтини трикови како без капка хемија да исчистите сѐ

Многу од средствата кои можат да се купат во продавница од нас бараат за време на употребата лицето и рацете да ги заштитиме со маска и ракавици, бидејќи испарувањето може да предизвика сериозни иритации на кожата, очите, грлото и дишните органи, а во случај на проголтување последиците можат да бидат и смртоносни. Исто така, стредствата за чистење се прават од гомила штетни хемикалии, кои неминовно завршуваат во водите, земјата и воздухот и го загрозуваат целиот екосистем, а со тоа и храната која ја јадеме. Згора на сѐ, и не се евтини.

Затоа многумина се вртат кон природата и самите си прават евтини, а доста ефикасни средства без капка хемија и со чија помош може да се исчисти целиот дом без мака.

Универзално средство за чистење и дезинфекција

Состојки: 1 чаша алкохолен или јаболков оцет, 1 чаша вода, изрендана кора од 1 лимон, неколку стебленца свеж рузмарин.

Подготовка: Сите состојки сипете ги во тегла, добро промешајте и оставете да отстои недела дена на собна температура. Процедете и претурете во еколошки прифатлива боца со распрскувач.

Употреба: Ова средство ќе ви помогне да ја отстраните нечистотијата од масите, работните и други површини, а со него можете да отстранувате и флеки од ѕидови или да ја исчистите кантата за ѓубре. Пред употреба протресете го, испрскајте, пребришете и тоа е тоа.

Предупредување: Избвегнувајте да го користите на гранитни површини и нерѓосувачки челик, како и на сите површини на кои произведувачот нагласил нека не смее да дојдат во контакт со оцет.

Средство за чистење кујнски површини

Состојки: 4 лажици сода бикарбона, 1 литар вода.

Подготовка: Откако ќе ја растворите содата бикарбона во вода, средството е готово.

Употреба: За чистење на сите кујнски површини и апарати. Со оглед на тоа што содата бикарбоната има моќ да ги отстрани непријатните мириси, особено се препорачува за миење на внатрешноста на фрижидери, славини и мијалници од нерѓосувачки челик, како и за редовно миење на кујнските одводи.

Средство за прозорци и огледала

Состојки: 2 чаши вода, ½ шолја алкохолен оцет, ¼ шолја медицински алкохол (70%), 1-2 капки есенцијално масло од портокал.

Подготовка: Истурете ги сите состојки во еколошко шише со прскалка и протресете.

Употреба: Испрскајте го средството на мали површини од прозорецот и веднаш избришете со хартиена крпа. За миење огледала или други стаклени површини, прво испрскајте од средството на крпа или салфетка.

Совет: Избегнувајте миење прозорци кога надвор е многу топло и сончево. Во спротивно, ќе постигнете спротивен ефект, бидејќи ова средство многу брзо испарува поради присуството на алкохол, поради што може да останат дамки.

Домашно средство за чистење месинг

Состојки: Јаболков оцет или сок од лимон, кујнска сол, сунѓер.

Подготовка: Сунѓерот намачкајте го со оцет или лимон, па посипете со сол.

Употреба: Нежно тријте ги месинганите површини со сунѓер додека не се отстранат сите дамки. Добро исплакнете со вода или влажен сунѓер, а потоа веднаш исушете со мека крпа.

Детергент за садови

Состојки: 3 лимони, 400 мл вода, 200 гр сол, 100 мл алкохолен оцет.

Подготовка: Лимонот со кора исечкајте го на помали парчиња и извадете ги семките. Се става во блендер и се прави каша. Истурете во тенџере, додадете оцет, вода и сол. Оставете да зоврие и оставете да се вари уште 10-15 минути со постојано мешање. Тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади. Пред истурање во соодветно пакување, процедете го преку газа.

Употреба: Користете како класичен детергент за садови.

Средство за плочки и санитарија

Состојки: 100 гр природен сапун, 3 дл топла вода, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица шеќер во прав, неколку капки есенцијално масло од чајно дрво.

Подготовка: Изрендајте го сапунот, додадете топла вода и матете со миксер додека не се растопи целиот сапун и не добиете пенеста смеса. Додадете сода бикарбона, сок од лимон и неколку капки есенцијално масло од чајно дрво. Истурете во шише со пумпа или друг соодветен додаток.

Употреба: Користете за чистење плочки и санитарија во кујната и бањата. Маслото од чајно дрво ќе ви помогне да се ослободите не само од бигорот, туку и од тврдоглавата мувла.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе