Филипче: Предложивме полицискиот час за викенд да биде од 19 до 5 часот наредниот ден

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче извести за состојбата со COVID-19.

Во последните 24 часа регистрирани се 14 нови позитивни на коронавирусот. Еден пациент почина во Тетово, додека 20 се оздравени. Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на COVID-19 и тоа во Скопје 5, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 6. Досега во земјава се направени вкупно 18.410 тестирања на COVID-19.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти:  Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.

Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

На состанокот на Комисијата за заразни болести од каде директно биле вклучени во Централниот штаб во Владата, даден е предлог полицискиот час за викенд да биде од 19 до 5 часот следниот ден.

Во однос на олабавувањето на мерките, кои би се применувале од понеделник останува, да се следи состојбата денес, да се утврди дали ќе има повеќе од 5 проценти заразени од вкупниот број тестирања, како што се случи во претходниот ден, или е тоа само варијација. Ќе се анализира состојбата од денешнот на утрешниот состанок и потоа, ќе излезат со предлог-мерки до Штабот  на Владата во однос на олабавувањето на мерките од почетокот на следната седмица, рече Филипче.

Министерот го осуди вчерашниот верски собир во Струга, за кој рече дека е чин на непочитување на здравствените работници и на сите други кои два и пол месеца пожртвувано работат да излеземе од кризата, како и на мнозинството граѓани кои се придржуваат до мерките.

„Најостро го осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага од институциите за собирот во Струга. Мора да се санкционираат извршителите и постого да дејствуваат за да нема вакви случаи“, рече Филипче, нагласувајќи дека токму со мерките, кон кои повеќето граѓани се придржувале, се стабилизираше епидемијата во земјава.

Соопшти дека утрово разговорал со поглаварите на Исламската верска заедница и на Македонската православна црква-ОА, и од нив побарал да ги повикаат верниците да не се собираат.

Во однос на тоа што ИВЗ информирала дека на 12 мај се отвораат џамиите, Филипче нагласи дека е сè уште во сила забраната за групирање на повеќе од двајца и повторно побара од поглаварите на верските заедници да спречат собирања.

„Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата и во кризата. Исклучително  е висок ризикот да се зголеми трансмисијата на вирусот во такви случаи“, рече министерот за здравство.

 

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе