БУНДЕСЛИГА 2019/20

Флик урна рекорд на Пеп во Баерн

Ф.З.
/ 31.05.2020 / 13:53

Со синоќешната победа Ханси Флик направи скор од 22 победи во своите први 25 натпревари на клупата на Баерн, нешто што не му услеа ниту на големиот Пеп.

Баерн вчера ја преслуша Фортуна со петарда, а фудбалерите на својот тренер Ханс-Дитер Флик му ја подарија победата број 22 во 25-те натпревари откако седна на клупата, во сите натпреварувања.

Со оваа победа популарниот Ханси го надмина и Пеп Гуардиола чија ера во Минхен почна со 21 победа во првите 25 натпревари.

Натпреварот почна лошо за гостите од Дизелдорф кои уште во 15. минута преку Данецот Матијас Јерјенсен си постигнаа автогол. Во 29-тата Бенжамен Павар и потоа Роберт Левандовски на две минути пред паузата направија 3:0. Пет минути во вториот дел полската гол-машина го постигна четвртиот гол, а само две минути подоцна Канаѓанецот Алфонсо Дејвис ги постави конечните 5:0.

Својата авантура во Баерн Флик ја почна во ноември кога го замени Нико Ковач прво како привремено решение, но откако ги освои симпатиите на навивачите и управата, доби договор.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Ново

  • filter

18 мај 1804, Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • filter

Древните цивилизации на Анадолија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе