SARS-CoV-2 и COVID-19 се невидливи непријатели, мистериозни и смртоносни за луѓето. Поради пандемијата со COVID-19 многумина се во карантин или одржуваат социјална дистанца.
Вакви патогени успеваат и се шират поради нашата социјална еволуција и нашата социјална природа. Токму затоа, на некои луѓе им паѓа многу тешко да бидат во самоизолација или да одржат социјална дистанца.
Но, токму еволуцијата му дава на човештвото можности и потреби за преживување на вакви тешки времиња.
Во ова анимирано видео ќе откриете дека тоа се одвива преку достигнувањата во медицината и во технологијата.