Копарот го користиме како зачин, а ретко кој знае колку е лековит

Нема кој досега не слушнал или користел копар, но дали знаете колку придобивки всушност можете да добиете од него?

Сигурно нема човек кој барем еднаш не користел или пробал копар, во вид на зачин. Често се додава во јадењата и им дава посебна арома, но тоа не е сѐ.

Всушност, семките од копар се полни со витамини и минерали, а имаат големи придобивки за нашето тело.

Ако имате проблеми со варење, надуеност, киселини, запек или гадење, копарот ќе ви биде корисен, бидејќи побрзо ги апсорбира хранливите материи од храната.

Покрај тоа, сигурно сте слушнале дека гумата за џвакање не е најдобра за здравјето и дека предизвикува надуеност, па наместо нив за свеж здив можете да користите копар.

Кога станува збор за алтернативната медицина, многумина истакнуваат дека копарот може да ви помогне при инфекции на респираторниот тракт, кашлица, бронхитис, а има и антиоксидативно дејство.

Во одредени дози, копарот може да го намали крвниот притисок бидејќи содржи многу калиум, калциум и влакна.

Жените ќе бидат среќни кога ќе знаат дека можат да ги ублажат менструалните проблеми токму со копар.

Ја стимулира функцијата на мозокот, спречува дегенеративни промени, како што се деменција и Алцхајмерова болест, ја намалува напнатоста на нервниот систем…

Во ограничени количини може да биде многу добар за новите мајки, бидејќи го поттикнува производството на млеко.

Свежиот копар има силна арома и слатка, зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички, таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка) и супи.

Уште Старите Римјани сметале дека копaрот има мистериозна, чудесна моќ. Старите Грци го гореле за да добијат ароматично масло од копaр. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копaр за да бидат силни и издржливи. Во древниот Вавилон копaрот служел како лек. Голема популарност добил во текот на XVI век во Фиренца и Болоња за време на Катерина де' Медичи. Копарот бил користен и како составен дел во подготовката на љубовен напиток, а исто така и во спречувањето на црна магија.

Забелешка: Доколку сте алергични на морков или целер, голема е веројатноста дека ќе имате алергиска реакција и на семки од копар, па препорачливо е да ги тестирате пред да ги вклучите во секојдневната исхрана.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе