Обичните настинки имаат многу слични симптоми со коронавирусот па ако вашето дете се разболи, на почетокот ќе биде тешко да познаете дали станува збор за COVID-19, вели медицинскиот аналитичар д-р Лиана Вен за CNN.
Возрасните настинуваат два до три пати годишно, а децата уште почесто. Повеќето луѓе закрепнуваат за седум до 10 дена од настинка, но понекогаш тоа може да трае и подолго, зависно од имуниот систем.
Заедничките симптоми на COVID-19 и обичната настинка вклучуваат болки во грлото, главоболка и слабост, вели Вен.
Според Клиниката Мајо, кашлицата е уште еден заеднички симптом за двете вирусни заболувања, со таа разлика што кај ковид е сува кашлица. Кога децата ќе се заразат со коронавирусот, имаат поблаги симптоми од возрасните.
Вен советува родителите да не ги испраќаат децата во градинка или на училиште ако имаат симптоми слични на ковид.
Специфичен симптом на ковид е и губењето на осетот за мирис или вкус. Исто така, други симптоми се дијареја, гадење или повраќање, симптоми кои ги нема кај обична настинка. Ковид се добива од вирусот SARS-CoV-2, додека обичната настинка резултира од риновируси.
Ако се сомневате на ковид најважно е да го изолирате детето, да не праќате на училиште и да го тестирате за ковид.