Квалитетот на антитела се подобрува неколку месеци по вакцинација со mRNA вакцините

Квалитетот на антитела, индуцирани од вакцините против COVID-19 базирани на RNA, континуирано се подобруваат во текот на најмалку 6 месеци, додека имуниот систем истовремено продолжува да ги „тренира“ своите Б-клетки кои произведуваат антитела, покажа американска студија.

По вакцинација, некои Б-клетки стануваат кратковечни клетки кои произведуваат антитела, а дел од нив се придружуваат на така наречени „герминални центри“ кои по инфекција или вакцинација се создаваат во лимфните јазли и се важни за созревање на Б-клетките.

Научници од Универзитетот Вашингтон, предводени од имунологот д-р Али Елебеди, герминалните центри сликовито ги споредија со камп за обука во кои Б лимфоцитите ги созреваат и усовршуваат вештините.

Б-клетките спаѓаат во бели крвни зрнца и единствено тие може да создадат клетки кои излачуваат антитела. Колку подолго останат во телото, имуниот систем поуспешно се бори против различни варијанти на вируси.

„Клетките од герминалните центри кои успешно „дипломираат“ може да станат долговечни клетки кои произведуваат антитела, а тие живеат во нашата коскена срж и стануваат мемориски Б клетки, спремни да се ангажираат при заболување“, објаснува д-р Елебеди.

Тој изјави дека претходните студии на животни покажале дека реакциите во герминалните центри траат само неколку недели,.

Но, анализата на крвта, ткивото на лимфни жлезди и коскена срж од доброволци кои примиле вакцина на Pfizer покажала дека реакциите на герминалниот центар се поттикнати и траеле најмалку 6 месеци, додека антителата со текот на времето станале поуспешни во препознавање и напад на протеинот на површината. Станува збор за шилестиот протеин на изворната верзија на SARS-CoV-2, стои во студијата објавена во Nature.

Научниците се согласни дека се потребни дополнителни истражувања за да се дознае дали овој одговор на герминалниот центар е единствен само во случај на вакцинација со mRNA вакцина или може да биде предизвикан и од традиционалните вакцини.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе