Гладна мечка со нејзините младенчиња се снимени во Калифорнија во моментот кога сакаат да влезат во автомобил за да јадат сендвичи.
Настанот се случил пред очите на Американецот Бил Дувал кој седел во автомобил со неговото куче додека се подготвувал да ужива во сендвичот со говедско месо. Но, во тој момент се појавиле неканети гости кои се обиделе повеќе пати да ја отворат вратата од автомобилот во обид да каснат и тие од сендвичите со месо.
Дувал ги снимил гладните мечиња и нивните обиди да ја отворат вратата, откако успеал да се заклучи во автомобилот.
Неговата сопруга Сенди вели дека мечките се чести посетители во Сиера Мадре, град во Калифорнија.