На која возраст е најлесно да престанете со пушење?

Сите знаат колку се штетни цигарите. Сепак, иако се свесни за сериозните ризици по здравјето, пушачите тешко се одлучуваат да престанат. Освен што станува збор за сериозна зависност од која е многу тешко да се ослободите, многумина стравуваат дека по откажување на цигарите ќе се здебелат.

Она за што малку се размислува е дека со стажот зависноста од цигари се засилува. Искусните пушачи по правило пушат повеќе и бираат посилни цигари. Меѓутоа, како што уверуваат експертите, никогаш не е доцна да се откажете од цигарите, всушност со годините дури и е полесно да го направите тоа.

Дали сте забележале дека обично повозрасните луѓе одлучуваат да ги остават цигарите? Тоа не е случајност, тие не само што имаат повеќе мотивација туку со текот на годините им се појавуваат бројни и многу тешки симптоми, како што е губење на здивот, упорна кашлица, болести на срцето и слично.

Таквите негативни последици кои ги чувствуваат стануваат нивна предност во однос на младите пушачи кои не го почувствувале ова од лошата навика.

„Спротивно на мислењето, престанувањето со пушење во подоцнежна возраст воопшто не е тешко. Постарите пушачи со годините развиваат аверзија кон зависноста и колку подолго човек пуши, толку оваа лоша навика му изгледа помалку привлечна“, вели пулмологот Армин Пур од Њујорк.

Според него, постарите пушачи почесто чувствуваат умор, отежнато дишење и упорна кашлица. Исто така се изложени на поголем ризик од срцев удар и многу опасни болести.

„Во староста луѓето кои пушат имаат неколку пати поголеми шанси да умрат од мозочен удар и други хронични болести поврзани со пушење. Животниот век на пушачите е најмалку за 6 години пократок“, предупредува пуломологот.

На повозрасни години полесно е луѓето да се откажат од цигари бидејќи „зрелите“ пушачи се свесни колку ќе им се подобри квалитетот на живот и целокупното здравје.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе