Најавена првата сезона на Скопски моден фестивал

Александра Спасеска
/ 28.02.2022 / 16:03

Првата сезона на најголемиот моден настан во метрополата ќе се одвива во трговскиот центар од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата.

Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители на убавиот дизајн, уметноста и музиката. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници, велат организаторите.

Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник)  во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.

„Скопје Сити Мол, како главен партнер и покровител на Скопски моден фестивал, ја споделува визијата на организаторите за нова, поинаква и пред сè успешна модна приказна во метрополата. Скопје Сити Мол е единствениот трговски центар, не само во државата, туку и во регионот, што во моментот ги отвора вратите и дава максимална поддршка на сите припадници на независната креативна сцена, нудејќи им простор и цел спектар на можности да ги промовираат своите дела пред нашите посетители и пошироката публика“, истакнуваат од менаџментот на SCM.

Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе