Најстариот доктор во светот ја откри тајната на долговечноста: Цел живот почитувам 5 правила

Хауард Такер, американски невролог и најстар лекар во светот, има 5 правила за долг и среќен живот.

Американскиот невролог Хауард Такер е роден во 1922 година, а се занимава со медицина од 1947 година. Има 101 година и според Гинисовата книга на рекорди, тој е најстариот лекар кој сѐ уште работи. Оженет е со д-р Сара, психијатар, која на 89 години се занимава со психоанализа. Доктор Такер многумина го прашуваат за тајната на долговечноста, а тој ги откри петте правила кои ги следи во текот на животот.

Не бидете бескорисни во пензија

„Ако сте доволно среќни да имате кариера во која уживате и сепак да можете да работите, размислете за одложување на пензионирањето“, вели д-р Такер, додавајќи дека тој забележува дека многу луѓе кои се пензионираат стануваат неактивни, зголемувајќи го нивниот ризик од когнитивно опаѓање.

Инаку, за време на пандемијата на коронавирусот, д-р Такер сам лекувал пациенти шест дена во неделата. „Кога не работам, уживам да поминувам време со моите четири деца и десет внуци и да гледам спорт“, додава д-р Такер.

Одржувајте форма и бидете физички активни

Иако д-р Хауард Такер не може да биде активен како порано, тој трча околу 3 милји на лентата за трчање повеќето денови во неделата.

„Пливањето, трчањето, пешачењето и скијањето во моите 80-ти ме одржаа силен и здрав. Истражувањата покажаа дека нешто едноставно како 15-минутна прошетка на свеж воздух може да го намали ризикот од прерана смрт за речиси 25%“, вели 101-годишниот доктор.

Оставете ги цигарите

„Зошто некој би сакал да вдишува нешто друго освен свеж воздух во своите бели дробови, кога животот е и онака краток? Денес знаеме дека пушењето цигари го зголемува ризикот од многу болести, мозочен удар, болести на периферните артерии, коронарна срцева болест и други белодробни и кардиоваскуларни заболувања“, вели неврологот.

Не ограничувајте се

„Вистинската тајна на долговечноста е тоа што нема тајни, но ние живееме секој ден и еднаш умираме, затоа мораме да го искористиме најдоброто од времето што го имаме“, вели д-р Такер, додавајќи дека умереноста им овозможува на луѓето да го живеат својот живот во потполност и исто така го спречува прекумерното уживање, што може негативно да влијае на нашето долгорочно здравје.

„Од време на време ќе се напијам мартини и ќе јадам стек, но не секој ден“, вели неврологот, додавајќи дека неговата сопруга е прекрасна готвачка која му помага да јаде разновидна и здрава исхрана. Салата јаде со секој оброк и сака зеленило како брокула.

Никогаш не престанувајте да учите и да се развивате

Докторот вели дека бидејќи цел живот се занимава со неврологија, бил сведок на еволуцијата на медицината. Зборувајќи за напредокот, д-р Такер додава дека додека го пренесува своето знаење на другите, тој самиот се обидува да научи иновации.

„Навистина уживам да подучувам млади луѓе и студенти, но и многу учам од нив“, вели докторот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе