Пет животни лекции кои може да ги научиме од Арнолд Шварценегер

Ви недостига силна мотивација? Послушајте ги советите на Арнолд Шварценегер, кој вели дека секогаш ги следел овие пет животни правила.

„Луѓето често ме прашуваат во што е тајната за успехот? Јас секогаш им ја давам онаа кратката верзија, мора да имате огромни бицепси, да бидете способни да убивате предатори со голи раце и секако, да имате шармантен акцент. Без тоа, немате шанси“, вели Шварценегер во една прилика.

Ова е подолгата верзија на одговорот:

1. Пронајди го и следи го својот сон

Ако немаш цел, тогаш каде ќе одиш? Само ќе се вртиш во круг и нема да бидеш среќен. Гледајќи документарци за Америка, Арнолд многу сакал животот да го мине во таа земја. Прашањето било како да стигне таму, немал пари за патувања. Еден ден додека читал списание за бодибилдинг, ја прочитал веста дека светскиот шампион во бодибилдинг, Рег Парк, ја добил улогата на Херкул. Рег тренирал по 5 часа секој ден, без исклучок. Станал шампион на Велика Британија, а потоа и во светот.

Од тој момент, вели Шварценегер, почнал напорно да вежба, ја пронашол својата цел и го следел сонот за успех.

2. Не се задоволувај со мали нешта

Треба да тежнееш да се вивнеш во ѕвездите. Вели дека сакал да биде филмска ѕвезда, не само да се појавува во филмови.

3. Игнорирај ги негативните луѓе и злобните коментари

Нормално е, кога ја имате вистинската визија, луѓето околу вас да ви го отежнуваат остварувањето на желбите. Ќе ви зборуваат дека нема да успеете, дека тоа е невозможно.

Шварценегер вели дека на 15 години станал бодибилдер. Сакал да влезе во шоу-бизнисот откако ја освоил тринаесеттата титула во бодибилдинг.

„Си реков дека сакам да бидам како Рег Парк. сакам да бидам Херкул и да снимам филмови. Но, кога и да разговарав со агентите и менаџерите, ми велеа дека сум смешен, дека никогаш нема да ја добијам главната улога со мојот акцент“, вели тој.

„Среќа е што не ги слушав, одев на часови по глума и англиски јазик, па дури и на часови по отстранување на акцентот. Одеднаш почнаа да се случуваат некои работи, добив улога во ТВ-серија, а потоа и во друга и тогаш ја добив главната улога во „Conan The Barbarian“ (1982), вели тој.

4. Работи неуморно

„Не сакаш да доживееш неуспех затоа што не си се трудел доволно. Не е важно со што се занимаваш, без мака нема наука“, вели тој.

5. Немој само да земаш, потруди се и да даваш

„Наместо постојано да го гледаш твојот лик во огледало, скрши го и тогаш ќе бидеш слободен да видиш што има зад него. Ќе видиш милиони и милиони луѓе на кои им е потребна твојата помош. Затоа искористи ја секоја прилика да дадеш нешто за возврат. Јас почнав да тренирам олимпијци со инвалидитет, почнав да се занимавам со вон наставни активности за најзагрозените деца за да ги одвојам од дрогата, бандите и насилството. Секој може да направи нешто за другите, на крајот сето тоа зависи од нас“, советува Шварценегер.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе