По три години во кома, Реми пак прави акробации на велосипед

По тешката несреќа поради која лекарите го ставија во индуцирана кома пред три години, австралискиот авантурист и ѕвезда на планинскиот велосипедизам Реми Мортон се опорави и продолжи со подвизи.

Неговиот дух е нескршлив и тоа го покажа во новото видео од серијалот Sound of Speed снимено во Нов Зеланд, каде демонстрира сирова енергија при вртоглаво возење по планински карпи.

Мортон е роден во Квинсленд и пораснал возејќи BMX, за подоцна да се префрли на трки со спуст со планински велосипед и да стане миленик на публиката на Светското првенство за млади UCI во 2015 и 2016 година.

На Loosefest 2017, тој претрпе сериозна несреќа што резултираше со голем број сериозни повреди - меѓу другото скршен врат, скршени ребра, скршен колк и пункција на белите дробови на две места.

Лекарите за неговите повреди рекле дека изгледале како да паднал од трикатница и заклучиле дека удрил во тлото со брзина од 75 км/ч.

Австралиецот мораше да биде ставен во индуцирана кома за време на опоравувањето, во кое изгуби повеќе од 20 кг. Проценките на лекарите биле дека тој никогаш повеќе нема да може да вози велосипед и дека ќе биде среќен ако може да оди нормално. Но, тој во рок од шест месеци се опорави од повредите што можеа да значат крај на неговата кариера и повторно беше на велосипед.

Денес, три години подоцна, 22-годишниот Мортон повторно го прави она што го прави најдобро: во својата природна средина, на најнемилосрдниот планински терен, ужива во чист адреналин и звукот на меки гуми на грубата земја.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе