Седум работи кои не треба да ги чистите со сапун за садови

Сапунот за миење садови не е наменет за чистење на сите површини, а неговото користење на било кој од овие предмети може да има страшни последици.

Кожа

Сапунот за миење садови ги отстранува природните емолиенси во кожата и поради тоа потоа многу брзо може да дојде до пукање на вашата добра кожна јакна или чевли, ташни, мебел, како и седиштата во автомобилот.

Подови од тврдо дрво

Дрвените подови во вашиот дом треба да бидат издржливи, но поради неправилното чистење можат да се изгребат и извалкаат. За да ги исчистите на правилен начин почнете со усисување за да ја отстраните прашината, а потоа избришете ги со средство за чистење направено специјално за дрвени подови.

Свила

Свилата се заснова на протеини и поради тоа е многу важно да избегнувате остри или јаки детергенти при чистењето, а сапунот за миење садови дефинитивно се смета за јак детергент.

Автомобили

Сапунот за миење садови лесно може да го отстрани заштитниот слој од бојата и да ја остави подложна на избледување и оксидација. За да избегнете завршниот дел од чистењето на вашиот автомобил да направи штета, користете исклучиво средства за чистење автомобили.

Машина за перење садови или алишта

Без обѕир дали се обидувате да исчистите нечистотија од вашата машина за перење садови или ви снемало од оние специјални детергенти за истата, дефинитивно не смеете да посегнете по сапунот за садови. Сапунот и сјајот за садови можеби ги чистат садивите, но нивните формули се различни и количината на пена која се создава од сапунот за садови може да ѝ наштети на машината (или да доведе до создавање на огромно количество на меурчиња и голем неред за чистење).

Кафемати

Иако можеби е примамливо да ја исчистите машината за кафе со сапун за садови како борба против маснотиите за да ги отстраните мрсните остатоци што ги остава зад себе, подобро е да го избегнувате. Ова важи двојно кога станува зборт за резервоарот за вода - ставањето сапун во него само ќе создаде неред од пена и потоа може да се покаже невозможно целосно да се измие.

Леано железо

Тавчињата и тенџерињата изработени од леано железо е важно правилно да се одржуваат за да може прописно во нив да подготвите јадења. Миењето со сапун за садови дефинитивно не е паметна опција бидејќи ќе им ја оштети подлогата. Дури и едноставно миење само со вода е многу попаметно решение.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе