Шест суптилни знаци кои покажуваат дека сте строг родител

Кога станува збор за родителството, многу се важни редот и дисциплината. Рутината и едукацијата на децата се некои од начините да се постигне тоа.

Но, родителите мора да научат да ги препознаат емоциите на децата, нивните потреби и да комуницираат кога е потребно тоа.

Комуникацијата е клучна за односот родител-дете, бидејќи ако не го правите тоа само ќе се оддалечите од своето дете и ќе изгледате строго.

Еве неколку начини да дознаете дали сте строг родител:

1. Сакате дисциплина и воведувате правила

Колку и да е важно да поставите јасни правила и граници, толку е важно да знаете кога е време да ги прекршите. Ако постојано му приговарате на детето и му воведувате нови правила за да се извршат работите, само испаѓате строги. Мора да бидете флексибилни и од време на време да ги прекршите правилата. Иако вашето дете може да има корист од некои рутини, сепак мора да има и слобода на носење одредени одлуки во животот.

2. Ретко го прашувате вашето дете за мислење

И децата може да дадат свое мислење. Ако ги вклучите во донесувањето одлуки, ги направите дел од изборот, ќе се чувствуваат добредојдено. Ако никогаш не им дозволите да кажат што сакаат, можеби еден ден ќе израснат во возрасни луѓе без самопочит. Таквото авторитарно родителство може да предизвика поделби и да создаде конфликти со детето.

3. Повеќе сте фокусирани на резултати отколку на труд

Иако е во ред да очекувате вашето дете да биде успешно, важно е да дадете поддршка и кога нема да успее. На детето мора да му кажете дека го цените и признавате неговиот труд.

4. Сте забележале дека детето лаже

Строгите родители почесто откриваат дека децата лажат. Тоа не значи дека децата се родени лажговци, туку дека се чувствуваат поудобно користејќи лаги отколку кажувајќи ја вистината. Веројатно затоа што се плашат од реакцијата на родителот.

5. Им се заканувате наместо да имате продуктивна комуникација

Дали некогаш сте се обиделе да комуницирате со детето кога се однесува лошо или само му се заканувате? Строгите родители ќе користат закани и казни за да го воведат во ред семејството. Детето во таквите ситуации нема избор, освен да се придружува кон наметнатите правила.

Тоа ќе остави длабока трага на нивниот ментален развој.

6. Ги занемарувате емоционалните потреби на детето

Децата тешко изразуваат страв или загриженост. Ќе ви навестат дека нешто не е во ред, но нема секогаш да знаат како да се изразат. Затоа, немојте да ги игнорирате молбите на детето и не очекувајте од него самото да ги реши проблемите.

Помогнете му да научи подобро да комуницира.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе