Славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, на социјалните мрежи објави видео во кое им се обрати на Русите.
Актерот ја раскажа приказната за тоа како додека бил дете во Виена се запознал со Јуриј Петрович Власов, најсилниот човек во светот, кој како од шега подигнал 200 килограми над главата.
„Русина беше мојот херој“, вели Шварценегер додавајќи дека во неговата соба ставил и постер од Јуриј.
„Повторно го сретнав на снимање на филм во Москва, кога ми подари шолја за кафе“, вели актерот.
Во видеото зборува и за настаните во Украина, а на крајот од приказната заклучи дека негови руски херои денес се луѓето кои излегоа на улиците за да го кренат својот глас против војната во Украина.