Шварценегер: Трамп е најлошиот претседател во историјата на САД

Поранешниот гувернер на Калифорнија, славниот актер Арнолд Шварценегер со јавна објава на социјалните мрежи го искажа неговиот став за моменталната состојба во САД и упадот во Капитол Хил. Шварценегер смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е неуспешен лидер кој во историјата ќе остане запаметен како најлошиот лидер на САД.

Шварценегер е републиканец како и Трамп, но во видеопораката на социјалните мрежи изјави дека е задоволен што мандатот на Трамп истекува за неколку дена. Тој повика на државно единство и најави поддршка за новиот претседател, демократот Џо Бајден.

Упадот во Капитол Шварценегер го спореди со нацистите, тој изјави дека „средата била Кристална ноќ во  САД“. Нацистите во Германија и во Австрија во 1938 година ги вандализирале еврејските домови, училишта и дуќани во текот на нападот наречен „Кристална ноќ“ (Ноќ на скршено стакло).

„Скршено е стаклото на прозорците на Капитол. Но, толпата не ги скрши само прозорците, туку и идеите кои ги зедовме здраво за готово. Ги згазија принципите на кои е основана нашата земја“, изјави Шварценегер во видеопораката.

Шварценегер, роден во Австрија, ја спореди крајно десничарската американска екстремистичка група Proud Boys со нацистите. Некои од лидерите на таа организација се уапсени во Вашингтон пред и по нередите во средата.

„Оние кои мислат дека можат да го урнат Уставот на САД, знајте го ова, никогаш нема да победите“, порача актерот.

Шварценегер американската демократија ја спореди со мечот кој го носеше во улогата на Конан Варавринот, симболично споредувајќи го со сегашните настани од кои се надева дека Америка ќе излезе посилна, а оние кои ги поттикнаа и учествуваа во нередите ќе одговараат за тоа.

„Патриотизмот значи да застанете на страната на земјата, не на претседателот“, изјави актерот.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе