Студија: Појавата на хепатитис кај деца поврзана со коронавирусот

Необјаснивите случаи на тежок хепатитис пријавен кај скоро 400 деца во светот би можеле да бидат последица од низа промени во организмот поттикнати од непрепознаена зараза со коронавирусот, велат научници.

Кај децата кои прележале COVID-19 е забележан значително повисок ризик од дисфункција на црниот дроб по одредено време, покажаа резултати од студија објавена на medRxiv, а која сè уште нема поминато низ стручна рецензија.

Забележано е дека родителите на повеќето деца со акутен хепатитис, ретка болест во таа возрасна граница, претходно не пријавиле прележана инфекција со SARS-CoV-2. Утврдено е дека повеќето заболени биле заразени со аденовирус наречен 41F, а во медицината не е познато дека вирусот го напаѓа црниот дроб.

Можно е заболените деца, а повеќето не биле вакцинирани поради возраста, да имале благи или асимптоматски инфекции со ковид, а кои минале незабележано, претпоставуваат научниците во студија објавена во The Lancet Gastroenterology & Hepatology.

Ако нивната претпоставка е точна, остатоци од коронавирусот кои се задржуваат во гастроинтестиналниот тракт кај децата би можеле да го поттикнат имуниот систем на претерана реакција на аденовирус 41F, па голема количина на протеини на крајот можат да го оштетат црниот дроб.

„Препорачуваме децата со акутен хепатитис да испитаат присутност на SARS-CoV-2 во столицата и да се обрне внимание на останатите сигнали кои упатуваат на оштетување на црниот дроб бидејќи шилестиот протеин на коронавирусот го прави имуниот систем претерано чувствителен“, велат тие.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе