Велигденски десерт: Брзи чоколадни марципан јајца без печење

Домашните чоколадни марципан јајца многу лесно се прават, а овој Велигден ќе ги воодушеви и децата и возрасните - кој може да им одолее?

Речиси ниту еден празник не може да помине без чоколадо. Во комбинација со марципан и јајцата кои се симбол на Велигден - ова е идеален десерт и подарок за најблиските.

Ова слатко задоволство се прави брзо и лесно, па можете да ги ангажирате и децата да ви помогнат.

Состојки за 20 јајца:

300 гр марципан

200 гр темно чоколадо, ситно сечкано

30 гр мелени (или ситно сечкани) бадеми, фстаци

1-2 лажици кора од лимон, ситно изрендана

Подготовка:

Поделете го марципанот на 10 мали јајца од 30 g и 10 помали јајца од 20 g, ако сакате варијација.

Чоколадото стопете го во сад отпорен на топлина поставен над тенџере со вода што врие, внимавајќи дното на горниот сад да не ја допира водата. Мешајте убаво додека да се растопи чоколадото и тргнете го од оган.

Јајцата премачкајте ги со растопено чоколадо и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. На некои јајца ставете сечкани бадеми и фстаци, а на други кора од лимон. Кога чоколадото ќе се стврдне, чувајте ги во сад што херметички се затвора.

ДОПОЛНИТЕЛНА ИДЕЈА: Доколку сакате, можете да додадете различни вкусови на марципанот пред да го премачкате со чоколадо, како што се коњак (погрижете се децата да не ги јадат овие јајца), кора од портокал, јаткасти плодови или зачини (црвен пипер, ѓумбир во прав, цимет...).

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе