Влијанието на екраните врз развојот на децата: Првите две години се најкритични

Детето кое во голема мера е изложено на виртуелниот свет од екраните има помалку време за играње, вежбање и интеракција со пријателите и семејството во реалниот живот. Сето тоа значајно влијае врз развојот на децата.

Првите две години од животот на детето се сметаат за најважни за развојот на мозокот. Денес, децата скоро од раѓање се изложени на екрани и содржини од екрани кои го стимулираат мозокот, но не го развиваат.

Иако технологијата може да биде од помош и корист, кога станува збор за првите години од животот, препораката на Американското здружение на педијатари за деца до две години е јасна. Во тој период детето не би требало да биде изложено на екрани, додека подоцна се препорачува гледање телевизија и користење компјутер од еден час до два часа дневно.

Телесниот, бихевиоралниот, емоционалниот и когнитивниот развој се случува многу брзо кај малите деца, особено во првите три години. Децата учат од средината гледајќи ги активностите на возрасните, особено на родителите.

Најважно е времето минато пред екрани да не заменува други искуства од кои децата учат, а за кои им е потребен оптимален развој како што се креативни игри, интеракција со врсници и блиски членови од семејството.

Детето кое во голема мера е изложено на екрани има помалку време за игра, вежбање и интеракција со луѓе од реалниот живот и тоа може значајно да влијае на целокупниот развој.

Премногу минато време пред екрани може да предизвика разни последици кај детето, дури и физички како дебелина и кратковидност, зголемен ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.

Некогаш симптомите на зависност од екрани може погрешно да бидат толкувани како депресија, биполарно нарушување или АДХД. Истражувањата покажуваат врска меѓу екраните и јазичниот развој кај малите деца. Колку повеќе време децата минуваат гледајќи телевизија или играјќи на мобилен, толку е побавен напредокот во развојот на говорот и јазикот.

За разлика од еднонасочната вклученост во екраните, разговорот со родителите вклучува изрази на лицето, емоции и е многу покорисен за јазичниот развој на детето.

Според некои студии, децата кои повеќе време минуваат пред екрани обично покажуваат пониско ниво на концентрација/внимание и послабо се снаоѓаат во задачи со читање.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе