Зошто најстарите луѓе во светот седат на под додека јадат?

Сините зони секој ден стануваат сè популарни и тоа поради добра причина. Станува збор за петте светски региони кои имаат најголем број на стогодишници. Повеќето жители на овие делови од светот имаат мал број случаи на срцеви заболувања, деменција и рак.

Сините зони станаа популарни бидејќи многу луѓе сакаат да ја дознаат тајната за долговечност со надеж дека тие навики ќе можат да ги применат за себе. Некои од тајните за долговечност всушност се многу едноставни – здрава исхрана, социјализација и многу движење.

Покрај тоа, жителите на Окинава во Јапонија имаат древен обичај. Тие седат на под додека одмораат, читаат и се дружат со роднини и пријатели, па дури и кога јадат. Сега, сигурно се прашувате каква врска има тоа со здравјето и виталноста?

Според Blue Zones, страница посветена на истражувања за долговечноста и навиките на стогодишниците, жителите на Окинава седат на под и стануваат многу пати дневно, повеќе отколку во другите подрачја во светот.

„Така ги вежбаат нозете, грбот и карлицата на природен начин. Седењето на под исто така го подобрува ставот на телото и ја зголемува силата, ги подобрува флексибилноста и подвижноста“, стои на интернет страницата.

Истражувањата покажаа дека подвижноста може да ви помогне подолго да живеете. Според студија објавена во European Journal of Preventive Cardiology, неможноста на седење на под всушност е поврзана со пократок стил на живеење.

Затоа, ако сакате да го подобрите здравјето и стекнете здрави навики, почнете да ги менувате. Обидете се барем еден оброк на ден да изедете додека седите на под или читајте ја вашата омилена книга.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе