Зошто не треба да ги гледате профилите на потенцијалните партнери на социјалните мрежи?

Кога ќе најдат симпатија, првото нешто што повеќето луѓе денес го прават е добро да ги погледнат нивните профили на социјалните мрежи. Понекогаш се претвора во нешто повеќе, па може да се случи да ни стане навика да поминуваме повеќе време на нивните профили. Еден експерт сега објасни зошто ова не е добро.

Лиза, терапевт за семејство, брак и траума, неодамна сподели интересно размислување кое се однесува на профилите на социјалните мрежи на нашите потенцијални партнери.

Имено, таа објасни зошто е психолошки важно да се избегнува гледање на профилот на „потенцијалниот партнер“ на Instagram. Лиза тврди дека гледањето нечии сториња и фотографии во почетната фаза на допаѓањето може да доведе до премногу размислување за тоа што прави таа личност и со кого го поминува времето.

„Во почетната фаза, кога ќе почнете да ги гледате нивните профили и да 'влегувате' во нивниот свет, најверојатно некако тоа ќе ви се удри од глава“, тврди Лиза и продолжува, „Ќе почнете да размислувате за работи како: 'Која е оваа девојка?' 'Кој ѝ се допаѓа?' и 'Каде сега се наоѓа?'“, додава таа.

@somymomsatherapist #greenscreenvideo #somymomsatherapist #datingadvice #toktherapy #heydolls #SmoothLikeNitroPepsi ♬ original sound - So my mom’s a therapist

На профилот на кој често споделува совети за врски, пријателства и ментално здравје, Лиза истакна дека поради Instagram можеме да станеме премногу опседнати со животот на некој што не го познаваме целосно.

Таа исто така истакна дека наместо да го проучувате профилот на вашата симпатија, подобро е да работите на личниот контакт, да се обидете да излезете и да ја запознаете таа личност.

„Запознајте ја таа личност лично, затоа што со проучувањето на нејзиниот профил на социјалните мрежи само си штетите себеси и на таа личност ѝ давате дополнителен простор во вашата глава, а на тој начин се појавуваат сите тие мисли кои прават да се чувствуваме чудно одвнатре, да се однесуваме чудно и да не ни се допаѓа како се чувствуваме“, објасни таа.

Говорејќи за Independent, Лиза објасни и дека со гледање на профилот на таа личност, можете да отворите и некои претходни искуства, на пример, ако сте имале проблеми со довербата, на крајот може да барате знаци за истото однесување на профилот на таа личност.

„Со тоа што не го гледате профилот на вашата симпатија, избегнувате да создавате внатрешни наративи кои обично не се вистинити и се засноваат на вашите лични стравови и искуства од минатото“, рече таа.

Бидејќи социјалните мрежи понекогаш е тешко да се избегнат, Лиза призна дека има неколку начини да се направи тоа.

„Една од одличните стратегии е да не ја додавате таа личност во вашите онлајн пријатели додека добро не ја запознаете. Друг пристап е едноставно да ја отстраните апликацијата од телефонот додека не престанете да имате потреба да висите на профилот на таа личност“, вели таа.

Лиза исто така истакна колку е важно да размислите зошто воопшто сакате да ги гледате сторињата на таа личност и дали тоа е од страв дека таа ќе ве повреди.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе