Американски полковник: Речиси секој ден среќававме НЛО

Пензиониран полковник на американската морнарица тврди дека со години гледал неидентификувани летечки објекти на небото за време на неговата служба.

Рајан Грејвс говорејќи за CBS News откри дека тој и други членови на неговата борбена единица F/A-18 често среќавале НЛО во забранетиот воздушен простор југоисточно од Вирџинија Бич. Почнувајќи од 2015 година тој вели дека во наредните две години речиси немало ден а да не видат нешто необично на небото. Според Рајан, војската овие појави ги нарекувала „неидентификувани воздушни феномени“, односно НВФ.

„Искрено, загрижен сум. Ако тоа биле авиони на друга земја, тогаш тоа претставува огромен проблем. Меѓутоа, со оглед на тоа што изгледаат некако поинакви, не сме многу желни да се соочиме со проблемот. Се задоволуваме со игнорирањето на фактот дека се тука и дека секојдневно нѐ набљудуваат“, вели Грејвс.

Рајан Грејвс

Според него, летечките објекти би можеле да бидат и шпионски летала од Русија или Кина направени со екстремно напредна технологија.

„Замислете летало кое може да лета со брезина од 21.000 километри на час, кое може да му избега на радарот и да лета низ воздух, вода и можеби вселената, а притоа нема очигледни знаци на некаков погон, да нема крила и како такво да им пркоси на природните ефекти од земјината гравитација. Токму такви се нештата кои ги гледаме“, додава Луис Елизондо, поранешен вработен во американското министерство за одбрана кој со години работел на истражување на случаите со НЛО.

Луис Елизондо

Останува прашањето дали се работи за напредни летала произведени од човек или сепак се летечки објекти од вонземно потекло.

Минатата година беше забележан пораст на пријавите на НЛО во САД, а само жителите на Њујорк пријавиле 300 необјасниви средби, што е најмногу во историјата на Големото јаболко. Некои тврдат дека се работи за непријателски летала кои собираат информации за САД.

Во јуни пред Конгресот на САД ќе биде објавен извештај за НЛО феноменот кој можеби ќе одговори на некое прашање.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе