Диетите со низок степен на јаглехидрати како што се кето, Палео, Аткинс и слични, се неверојатно популарни, но доаѓаат со големи предизвици и ограничувања кои понекогаш е тешко да се исполнат.
Еден од таквите примери е внесувањето доволно овошје со истовремено одржување на ниско ниво на јаглехидрати.
Постојат неколку видови овошје со низок удел на јаглехидрати кои се компатибилни со наведените режими на исхрана. Така, праските се чест избор бидејќи содржат само 14.3 г јаглехидрати. Малините и капините се уште подобри, со само 7.3 односно 6.9 грама на половина шолја.
Кои други овошја имаат помалку од 6.5 грама јаглехидрати?
Со само 6.4 грама јаглехидрати на половина шолја диња исечени на коцки, ова овошје е идеално за оние кои ги следат насоките за исхрана со низок внес на јаглехидрати. Истата количина овошје има само 26.5 калории.
Половина шолја исечено авокадо ќе ви обезбеди 6.3 грама јаглехидрати и 4.9 грама влакна. Истата количина авокадо содржи дури 117 калории.
Слично како и дињата, лубеницата е сиромашна со јаглехидрати и влакна. Во половина шолjа исечено овошје има 5.75 грама јаглехидрати и 0.3 грама влакна. Содржи само 22.8 калории.
Јагодите се многу вкусни и се на врвот на листата овошје со низок удел на јаглехидрати. Половина шолjа јагоди содржи 5.6 грама јаглехидрати, 1.4 грама влакна и 23.1 калории.