Дали мачките ги сакаат своите сопственици помалку од кучињата?

Мачките и кучињата се идеални миленичиња и често се смета дека има непомирливи разлики помеѓу овие два вида животни. Кучето се смета за најдобар пријател на човекот, додека за мачката не се вели истото.

Во истражувањето спроведено од Алис Портер и Даниел Милс учествувале 20 мачки со нивните сопственици, но и луѓе кои им биле непознати. Мачките биле сместени во две простории со два стола (едната за сопствениците, а другата за непознатите). Камерата ја снимала секоја реакција помеѓу мачките и луѓето. Сопствениците заминувале и се врачале назад, а и непознатите го правеле истото.

Откриено е дека мачките мјаукале повеќе кога нивните сопственици ги напуштале, но нема докази дека тие навистина зависат од нив. Сепак, истражувачите истакнуваат дека тоа не мора да значи дека мачките се целосно бесчувствителни. Едноставно, тие по природа се подискретни од кучињата. Тие сметаат се подразбира дека треба да им се обезбеди сигурност и храна и нема потреба да искажуваат благодарност за тоа.

Кога сопствениците ги напуштале, кучињата застанале пред вратата и со нетрпение чекале да се вратат. Некои од нив дури и чувствувале сепарациска вознемиреност. Мачките не се однесувале така. Исто така, за разлика од кучињата, мачките немаат потреба од социјализација затоа што по природа се осамени ловци. Тие преживуваат потпирајќи се на сопствениот инстинкт.

На мачките не им се потребни луѓе за да ги задоволат нивните дневни потреби. Но, важно е да запомниме дека понекогаш тие му покажуваат љубов на сопственикот со предење, кревање на опашката високо, триење на главата од телото и слично. Иако на почетокот можеби не изгледа така, тие ги сакаат сопствениците исто како и кучињата, само што тоа поретко го покажуваат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе