Идеја за ручек: Ќофтиња на кипарски начин

Кипарското ќофте е одличен предлог за ручек, а миризливите зачини и една тајна состојка му даваат посебен шмек.

Ќофтињата се меѓу омилените јадења, а се прават од мелено месо. Најчесто се сервираат со пире и во сос од домати, а ако сте љубител, тогаш пробајте го рецептот за кипарско ќофте. Една состојка ги разликува од нашите, а тоа е компирот кој се додава, додека зачините им даваат посебен вкус. Ќофтињата во кипарски стил се сочни и вкусни, а можете да ги послужите со ѕаѕики салата.

Потребни состојки:

  • 1 кг мелено свинско месо
  • 650 гр компири
  • 2 кромида
  • 1 китка магдонос
  • 3 јајца
  • 2-3 лажици презла
  • 2 лажици суво нане
  • малку цимет
  • малку мускатно оревче
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Изрендајте ги компирите, а потоа добро исцедете ја целата вода. Кромидот и магдоносот ситно исечкајте ги. Во сад измешајте мелено месо, компири, јајца, магдонос, кромид, презла, потоа посолете и побиберете, па додадете ги другите зачини, како нане, мускатно оревче и цимет. Добро измешајте ја смесата за добро да се измешаат сите состојки, па покријте со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Наредниот ден формирајте ќофтиња и пржете на загреано масло.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе