Колку е штетно да ја одложувате ејакулацијата за време на секс?

Внимавајте што посакувате, може да ви се исполни. Кога станува збор за траењето на сексот, тоа важи и за мажите, и за жените.

И мажите и жените посакуваат сексот да трае подолго. Маратонскиот секс за многумина е недостижен, но тоа не мора да се постигне по секоја цена.

Околу 5 проценти од мажите редовно го одложуваат првото ејакулирање за време на сексуалниот однос, со цел да трае подолго. Но, ваквата лоша навика има уште полоши последици – на голем дел од нив со тек на време им станува сѐ потешко воопшто да ејакулираат и им треба и до половина час за да постигнат оргазам. Некогаш воопшто не успеваат.

Можеби на прв поглед ви звучи забавно да имате секс подолго време, но неможноста да доживеете оргазам, односно да ејакулирате, може да стане причина за фрустрација и незадоволство.

Најчести причини зошто мажот не може да доживее оргазам

Речиси секој маж се има најдено во ситуација да не може да ејакулира за време на секс или да му треба повеќе време. Но, ако тоа се случува често, тогаш има неколку можни причини.

„Некои мажи потешко постигнуваат оргазам за време на вагинален или орален секс. Понекогаш тоа е поради вообичаените техники на самозадоволување, како на пример стимулација со рака, што дава сосема поинакво чувство од вагинален или орален секс“, објаснува доктор Деби Хербеник.

Таа додава дека покрај тоа, најчести причини зошто мажот не може да доживее климакс се користењето антидепресиви, повреда на грбот, како и т.н. психолошки бариери како страв партнерката да не забремени или обратно, под притисок, кога има секс со намера партнерката да забремени (најчесто кај двојки кои имаат проблем со зачнување).

Тагови
реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Љубов и секс

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Read more

Африкански остров ја носи титулата најдобра дестинација за меден месец

Read more

Семеен советник споделува четири однесувања кои ги откриваат нарцисите

Read more

Кога жените созреваат емотивно, а кога мажите? Разликата е дури 11 години

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе