Ако ги прашате мажите колку им трае сексуалниот однос, повеќето од нив веројатно ќе ви се пофалат дека можат да издржат „три дена“.

Сепак, факт е дека издржливоста во сексот е тема која најмногу предизвикува нервоза кај мажите.
Секој од нив сака сексот да трае доволно долго за и двајцата да уживаат, а урологот д-р Ендрју Стајнберг во подкаст на Pornhub во кој разговара со порно актерката Аса Акира, откри интересни податоци и даде важни совети.

Зборувајќи за предвремената ејакулација, д-р Стајнберг истакна дека е важно да се направи разлика помеѓу тоа мажот едноставно да го прекине односот малку порано.
„Повеќето мажи кои доаѓаат кај мене поради предвремена ејакулација тешко можат воопшто да пенетрираат без да доживеат кулминација. Значи, тоа е главно минута или две.“
Објаснувајќи колку се разликува од просечната временска рамка, урологот истакна: „Мораме да ги приспособиме очекувањата, бидејќи просечно мажот може да издржи околу 8 минути пенетрација“.