Рецепт за лесни крцкави ролнички со зеленчук

Ролничките од зеленчук се едноставно јадење кое традиционално се јаде за време на Фестивалот на пролетта во Кина, а е вкусен и хранлив ручек кој ќе го засакате, особено за време на овие топли денови.

Кинезите веруваат дека овие мали витканици носат богатство и просперитет во новата година, бидејќи малата ролна по печењето добива форма на златна лента.

Потребни состојки:

  • 2 моркова
  • 1 помала главица зелка
  • 1 праз
  • 1 помала главица виолетов кромид
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • листови за виткање
  • соја сос
  • ⅓ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • растително масло

за бел сос:

  • кисела павлака
  • помало чешне лук
  • помала китка свеж магдонос
  • ⅓ лажичка сол
  • ⅓ лажичка бибер

Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот, излупете ги морковите и изрендајте ги. Исечкајте ги зелката и празот на мали ленти. Кромидот и лукот исечкајте ги на парченца.

Во тава сипете растително масло, пропржете ги зелката, празот, кромидот и морковот додека малку не омекнат. Кон крајот додадете го лукот и пржете уште 2-3 минути. Во зеленчукот додадете третина лажичка сол, половина лажичка бибер и две големи лажици соја сос. Сето тоа внимателно измешајте го во тавата и потоа оставете го на страна за да се излади.

Подгответе ги листовите за виткање. Исечете го секој лист на 4 еднакви делови. Во помал сад изматете го јајцето со кое ќе ги залепите рабовите на ролничките за да не се одвиткаат при длабокото пржење.

Во првата третина од листот за виткање додадете смеса од претходно подготвениот зеленчук, а рабовите на листот премачкајте ги со јајце. Внимателно превиткајте ги горните и долните рабови на листот и мотајте од левата страна надесно така што ролничката да се залепи за секоја страна и цврсто виткајте ја. Доколку рабовите не се лепат, слободно премачкајте ги со јајце.

Во длабоко тенџере загрејте растително масло во кое ќе ги пржите ролничките. Секоја пржете ја 2-3 минути, додека не добие златнокафена боја.

Крцкавите ролнички може да се послужат со сос по ваш избор, а за љубителите на пикантниот вкус, потопете ги во слатко чили. За поблаг вкус, можете сами да направите едноставен бел сос. Во помал сад измешајте павлака, посолете и побиберете. Исечкајте магдонос и лук, соединете сè и добро измешајте.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе