Сè повеќе докази дека короната може да предизвика нова форма на дијабетес

Интернационална група лекари смета дека има сè повеќе докази дека COVID-19 може да предизвика сосема нова форма на дијабетес кај некои пациенти.

Д-р Франческо Рубино од Кралскиот колеџ во Лондон и неговите колеги забележаа зголемување на случаите на дијабетес тип 1 и тип 2 кај лица заразени со коронавирус. Затоа, тие создадоа регистар во кој лекарите ширум светот можат да пријавуваат такви случаи.

Експертите кои го анализирале регистарот, во кој се наведени повеќе од 350 извештаи за можна појава на дијабетес предизвикан од инфекција со COVID-19, велат дека е тешко да се негираат овие бројки.

„Што се однесува до мене, не се сомневам дека COVID-19 предизвикува нова форма на дијабетес. Во текот на изминатите неколку месеци, видовме повеќе случаи на пациенти кои или развиле дијабетес додека имале симптоми на инфекција со COVID-19 или наскоро после тоа. Сега веруваме дека постои врска и дека коронавирусот може да предизвика нарушувања во метаболизмот на шеќерот“, вели Рубино.

„Веруваме дека овие случаи треба дополнително да се испитаат, бидејќи оваа врска може да биде голем проблем, особено со оглед на обемот на пандемијата“, додаде тој.

Пол Цимет, специјалист за дијабетес од Универзитетот Монаш во Австралија, вели дека што се однесува до него, тој не се сомнева дека COVID-19 предизвикува нова форма на дијабетес.

Научниците претпоставуваат дека вирусот SARS-CoV-2 може да го наруши метаболизмот на шеќерот затоа што комуницира со рецепторот ACE-2 за да се инфилтрира во клетките на голем број органи, вклучувајќи го и панкреасот. Друго можно објаснување е дека силната реакција на нашиот имунолошки систем ги оштетува органите кои се клучни за одржување на нормалното ниво на гликоза, пишува Guardian.

„Сите овие се теории. Но, теории кои не се философски, туку се втемелени во биологијата и искуството со други вируси", вели Рубино.

Други вирусни заболувања, особено ентеровирусни инфекции, исто така се поврзани со развој на дијабетес тип 1, каде што самото тело ги напаѓа клетките на панкреасот спречувајќи производство на инсулин.

Студија: 14,4% од пациентите развиле дијабетес

Д-р Сатиш Тирунавукакарасу од канадскиот универзитет Мекмастер анализираше осум студии од различни земји спроведени во текот на првите пет месеци од пандемијата. Тој откри 492 случаи на новодијагностициран дијабетес кај 3.711 хоспитализирани пациенти со COVID-19 (14,4%).

Овие бројки ги вклучуваат оние пациенти на кои им било дијагностициран дијабетес за првпат во животот, како и оние кои претходно ја имале болеста, но не знаеле за тоа. Имено, кај дијабетес тип 2, симптомите се појавуваат постепено и може да се занемарат во раните фази на болеста.

Лекарите велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди причинско-последичната врска помеѓу инфекцијата со COVID-19 и појавата на дијабетес. Имено, зголемувањето на нивото на шеќер во крвта не мора да биде поврзано со дијабетес, а познато е дека некои стероиди што се користат за лекување на симптоми на инфекција со коронавирус го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Резултати од други истражувања

Ова не е единствената студија што го поврзува COVID-19 со појавата на дијабетес. Кинески научници, кои следеле 2.469 пациенти заразени со коронавирус шест месеци по отпуштањето од болницата, забележале 58 (приближно 2,35%) случаи на новонастанат дијабетес.

Друга студија, која сè уште не поминала независна ревизија од експерти, следела 47.780 пациенти со COVID-19 пет месеци по отпуштањето од болница во Англија и открила дека на 4,9% од пациентите им бил дијагностициран дијабетес.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе