Украинците објавија упатства – што да направите во случај на нуклеарен напад

Украинскиот центар за стратешки комуникации и информатичка безбедност, основан при Министерството за култура и информатичка политика на Украина, објави упатства за граѓаните што да направат во случај на нуклеарен напад.

Центарот, заедно со Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радиоактивна безбедност, изработи препораки според информации од Државната итна служба, Министерството за образование и наука и од полицијата.

Центарот наведува дека во случај на користење на така наречени валкани бомби забрането е земањето препарати на база на јод бидејќи може да предизвика непоправлива штета на организмот.

Валкани бомби или уреди за распрскување радиолошко оружје е оружје кое комбинира радиоактивни материјали со вообичаени експлозиви.

Центарот наведува како да консумирате таблети од јод во случај на напад: за бебиња до една година се препорачува доза од 16 мг, за деца од една до три години дозата е 32 мг, за деца до 13 години дозата е 62,5 мг. Препорака е тинејџерите, бремените жени, доилките и возрасните до 40 години да земат доза од 125 мг.

Нуклеарна експлозија во затворено

„Ако нуклеарната експлозија во затече во стан, погрижете се воздухот од надвор да не влезе во просториите во домот. Затворете ги сите прозорци, врати, вентилациски отвори, исклучете клима и греење. Ако е возможно, преместете се во соба без прозорци“, стои во препораките.

Се препорачува граѓаните да останат во засолниште 24 часа, освен ако властите не советуваат поинаку.

„Немојте да јадете, ниту допирате нешто што може да биде радиоактивно контаминирано“, се додава.

Исто така, не се препорачува ни пиење вода од чешма, додека нема соопштение дека водата е безбедна за пиење.

Нуклеарна експлозија на отворено

Ако граѓаните се најдат на отворено во моментот на нападот, ќе забележат блесок на небото и се советува никако да не гледаат во тој правец бидејќи може да дојде до изгореници на рожницата, слепило и повреди на очите.

„Запрете го автомобилот на безбедно место покрај патот, затворете ги вратите и прозорците, блокирајте го навлегувањето воздух. Ако е можно, заштитете ги ушите со слушалки, тоа е заштита од баротраума. Устата и носот покријте ги со маска или ткаенина и дишете низ тоа додека не дојдете до засолниште“, се советува.

Препораката е граѓаните да побараат засолниште во случај експлозијата да ги затече на отворено.

Пред неколку дена и британскиот Telegraph објави видео со детални насоки што да направите во случај на нуклеарен  напад на вашиот град.

Remote video URL

Пред две години YouTube каналот How to Survive објави видео на оваа тема, како да преживеете нуклеарен напад:

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе