Што предупредува телото со зуењето во ушите?

Најновите истражувања покажуваат дека околу 10% од возрасните имаат проблем со тинитус, додека оваа појава е нешто почеста кај постарите и кај мажите.

Тинитус (зуење во ушите) е феномен кога чувствувате звукот без присуство на надворешен звучен стимул. Односно, човекот тогаш го слуша она што го нема.

Причините можат да бидат различни: може да има промени во крвните садови на главата и вратот, грчеви на мускулите на средното уво, болести на самото уво, повреди на главата или вратот, мултиплекс склероза, заразни болести, сифилис... Но и употребата на одредени лекови.

Освен тоа, тинитус се јавува кај лица со висок крвен притисок, како и кај луѓе со слаба циркулација.

Доколку се појави тинитус поради лошата циркулација во ушите, овие луѓе треба да го исфрлат кофеинот, цигарите, алкохолот и да го намалат внесот на сол од својот живот.

Понекогаш тинитус може да биде последица на насобраниот восок. Кога ќе се акумулира премногу, може да го иритира тапанчето и да предизвика зуење.

Доколку зуењето е често, ве советуваме да посетите лекар за да го проверите вашето здравје.

Тагови
реклама

Здравје

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Read more

Една вообичаена навика може да предизвика губење на видот

Read more

Храна која го надополнува недостатокот на витамин Д

Read more

Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Read more
 

Магазин

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Читај повеќе

Четири нискогликемиски намирници кои поддржуваат здраво слабеење

Читај повеќе

Летото ќе промени сѐ: Хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Читај повеќе

Маск му донесе интернет на племе во Амазон и ги навлече на порнографија

Читај повеќе

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Читај повеќе

Како да го забрзате метаболизмот: Многу е полесно отколку што мислите

Читај повеќе

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 12 ненаселени места во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за лесно ослободување од досадните семки од пиперките

Читај повеќе