А, сте го пробале ли кинескиот специјалитет пржени камења со зачини?

Суодиу ја има титулата најтврдо јадење во светот, а како клучна состојка заедно со зачините има пржени камења. Ова јадење неодамна ја разбуди љубопитноста на многумина на кинеските социјални мрежи, пренесува CNN.

Гостите треба да ги цицаат камчињата за да уживаат во богатиот и зачинет вкус на јадењето, кое потекнува од источната кинеска провинција Хубеи. Добиваат инструкции да ги вдишат вкусовите, а потоа да ги плукаат камењата - оттука и името на јадењето суодиу (嗦丟), што значи „вшмукај и плукни“.

Низ кинеските социјални мрежи во текот на изминатата недела се појавија видеа од корисници на интернет кои пробуваат суодиу.

Покажуваат и како уличните продавачи го подготвуваат необичното јадење. Продавачите истураат масло од чили на камењата што крчкаат на скарата, ги посипуваат со сос од лук, а потоа се пропржуваат со мешавина од лук и пиперки исечкани на коцки.

@cnn Suodiu, a Chinese stir-fry dish dating back hundreds of years, is being called "the world's hardest dish."#cnn #news #suodiu #stirfry #chinese ♬ original sound - CNN

Додека ги подготвуваат состојките, овие готвачи од тротоарите понекогаш го објаснуваат секое нивно движење со рими, според видеата на Xiaohongshu, кинескиот еквивалент на Instagram.

„Порција зачин ја оживува страста“, вели готвачот во едно видео, додавајќи дека јадењето е исто толку популарно како и алкохолот. На клиентите потоа им се служат камења со вкус во кутии со големина на дланка. Секоја порција чини околу 2 долара, според видеото.

„Дали треба да ги вратам камењата откако ќе завршам?“, праша еден клиент во истиот клип.

„Однеси си ги дома како сувенир“, се шегуваше готвачот.

Се верува дека суодиу датира стотици години наназад. Генерациите го пренеле преку својата усна историја, пишуваат локалните медиуми.

Во старите времиња, бродарите можеле да се заглават среде река и да останат без храна додека доставувале стока. За да „пронајдат среќа во горчината“, се вели во извештајот, тие собирале камења за готвење со други зачини за да направат јадење.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе